Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Најдобар начин како да ги заштитите вашите очи навреме (Фото)

Името на маса по Нова година
Могерини со инструкции за премиерите од Западен Балкан
Поништен конкурсот за јавни обвинители
Кривичен неделава полн со предмети од СЈО

Здравје

Најдобар начин како да ги заштитите вашите очи навреме (Фото)
bALLINA.jpg

Светлото игра важна улога во секојдневниот живот, но светлината може да биде и причина за прерано стареење на окото. Crizal Prevencia е антирефлексен заштитен слој на Essilor кој спречува прерано стареење на окото.

Сите знаеме дека УВ зрачењето е штетно за нашите очи, односно модро-виолетовите зраци имаат негативно влијание на рожницата на нашето око.

Модро-виолетовата светлина е насекаде околу нас. На отворените простори постои без разлика на временските услови, додека во затворените простории е присутна кај изворите на ЛЕД и флуоресцентните светла (компјутери, таблети, мобилни телефони).

Последиците од УВ зраците и модро-виолетовата светлина се кумулативни и можат да ја забрзаат појавата на очни болести во текот на животот.

Crizal Prevencia e најефикасно оптичко стакло кое селективно ја филтрира модро-виолетовата светлина, ги заштитува очите од УВ зраците за 25 пати повеќе отколку со обична оптичка леќа, ги блокира штетните УВ и модро-виолетови зраци, ја пропушта здравата светлина (вклучувајќи ја и корисната модро-тиркизна светлина), помага во превенцијата на прерано стареење на окото, овозможува лесно чистење (нечистотии, прав, капки од вода), отпорност на гребнатини и ефикасност против блесок за трајна транспарентност.

Ова стакло има карактеристики на паметно стакло, благодарение на долги години развој и иновации ни овозможува селективно филтрирање. За разлика од останатите стакла кои само ја блокираат светлината, ова стакло му дозволува окото да се нахрани.

Blue cut- против негативните влијанија од „модрата светлина”.

Овие стакла ја блокираат модрата светлина за околу 40% од спектарот при бранова должина од 380 до 500нм.

Оваа заштитна антирефлексна покривка се препорачува за носители кои работаат или поминуваат најмногу време внатре и редовно се изложени на вештачка светлина.
Зошто Blue cut? – Поради менување на нашето секојдневно светло, околината и употребата на паметни телефони, телевизија компјутер и таблет, нашите очи се изложени на HEV светло (сино светло). Човечкото око со својата природна одбранбена моќ не може да се заштити од модрата светлина која навлегува длабоко во окото и може да предизвика оштетување на мрежницата на окото, како резултат од нејзиниот кумулативен ефект.

Технологијата со која се изработени BLUE CUT оптичките стакла овозможува: филтрирање на модрата светлина, подобрено антирефлексно дејство за околу 5 пати од конвенционалните антирефлексни покривки, 100% заштита од УВ зраци, ја блокираат модрата светлина до 40%, дава визуелна удобност при работа под сите видови на вештачка светлина.

Рефлексијата кај Blue Cut стаклата е сино, а пак гледањето низ нив е жолтеникаво. Боите се помеки и поживи, односно видливо е блокирањето на светлина и фоторецепторите се тие што ја впиваат останатата светлина. Оптика ММ несебично ќе Ви го понуди она што е најдобро за вашите очи.

Со задоволство ве очекуваме!

 26.10.2017, 13:18  | L.E. | 267

 

© ZURNAL.mk

 Здравје 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

22330
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.