МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Димитров: Од нас на 30 септември зависи нашата иднина и на нашите деца
Ексклузивно интервју на Канал 5 со министерот за култура Асаф Адеми
Ахмети од Куманово: Граѓаните да гласаат на референдумот, Македонија нема друга алтер..
МОСТ во извештај за референдумот го критикува апелот на Заев финансиски да се мотивир..
Занимиливости
Сингапурскиот пасош е „најмоќен во светот“

Сингапурскиот пасош е „најмоќен во светот“

среда, 25 октомври 2017, 12:40ч.   |   L.E.

Сингапур, 25 октомври- Сингапурскиот пасош е рангиран како „најмоќен“ во светот, според Глобалниот индекс за пасоши, кој денеска го објави глобалната консултантска фирма “Артон Капитал“.

Рангирањето се базира врз „безвизен резултат“, кој го прикажува бројот на земји во кои лице со одреден пасош може да патува без виза или виза при пристигнувањето.

Сингапурскиот пасош е на врвот на листата со безвизен резултат за 159 земји, а по него е германскиот пасош со 158 и шведскиот пасош со 157 земји за кои не требаат визи.

На листата доминираат европските пасоши, при што Германија е на врвот во последните две години.

Сепак, откако Парагвај го укина визите за сопствениците на пасоши од Сингапур, овааа азиска земја годинава дојде на врвот на листата.

- За првпат една азиска земја има најмоќен пасош во светот. Тоа е доказ за инклузивните дипломатски односи на Сингапур и ефективната надворешна политика, изјави директорот на „Артон Капитал“, Филип Меј.

© ЖУРНАЛ    ~141,47

НАЈЧИТАНИ ОД ЗАНИМИЛИВОСТИ
Овој пар живее среќно во канализација веќе 22 години (ВИДЕО)
Му одговорила на писмо по 23 години
Швеѓанка јаде 15 тегли Нутела месечно за да постигне светски рекорд
Викендичка под земја полна со вино
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.