Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Американската амбасада: В недела излезете и гласајте

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Македонија

Американската амбасада: В недела излезете и гласајте
amerikanska-ambasada2.jpg

Претстојните локални избори на 15 октомври се важни за иднината на Македонија како просперитетна, стабилна демократија, целосно интегрирана во евроатлантските институции, соопшти денеска Амбасадата на САД во Македонија и ги повикаа граѓаните да излезат и да гласаат.

„Ги охрабруваме сите граѓани да го искористат своето право на глас, да ги изразат своите погледи за прашањата од нивната општина и да ја реафирмираат својата посветеност кон демократските вредности и владеењето на правото. Ги охрабруваме сите граѓани, граѓанските организации и медиумите да ги пријавуваат своите забелешки за изборните неправилности на надлежните власти. На крајот, партиите, владините институции, новинарите и граѓаните ќе ја одредат веродостојноста на процесот преку своите чекори“ стои во изјавата.

Од Амбасадата истакнуваат дека изборите се круцијален дел од секоја демократија и дека ги поддржуваат напорите за охрабрување на граѓаните да гласаат.

„Американската амбасада активно учествува во надзорот, заедно со меѓународните и со локалните набљудувачи“, велат од амбасадата.

 

 12.10.2017, 16:34  | Xh.I. | 36

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

30900
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.