Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Изминатите два дена 16 сообраќајки во скопско

Триесет проекти за намалување на загадувањето
Преку Софија, Македонија во ЕУ
Премиерите од Западен Балкан на маса со Могерини
УНДП: Затоплувањето на домаќинствата, индустриските капацитети и сообраќајот најголем..

Црна хроника

Изминатите два дена 16 сообраќајки во скопско
kr_1.jpg

Скопје, 12 октомври- Во текот на изминатите два дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле вкупно 16 сообраќајни незгоди. Во две од нив потешко биле повредени две лица, во девет со полесни повреди се здобиле 14 лица, а пет сообраќајки поминале само со материјална штета.

Како што информира МВР, во вторникот сообраќајната полиција извршила увид на седум сообраќајни незгоди, од кои во една потешко било повредено едно лице, во четири полесно биле повредени четири лица, а две поминале само со материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден бил извршен увид во девет сообраќајни незгоди. Во една од нив едно лице било потешко повредено, а во девет со полесни повреди се здобиле 10 лица. Во пет била причинета материјална штета.

Викендов полицијата открила и санкционирала девет возачи кои биле исклучени од сообраќај, од кои двајца поради управување на возилото под дејство на алкохол и седум кои го возеле возилото пред да се стекнат со право на управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај биле и седум лица кои го управувале возилото со истечена сообраќајна дозвола. Санкционирани биле и четворица возачи поради неправилно престојување и тројца возачи за неправилно престигнување. Биле затекнати и 42 непрописно паркирани возила.

Од МВР информираат и дека со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 43 возила.

 12.10.2017, 13:25  | L.E. | 34

 

© ZURNAL.mk

 Црна хроника 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

2269
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.