Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

„Контрањуз“: Американците му веруваат на Ципрас

Триесет проекти за намалување на загадувањето
Преку Софија, Македонија во ЕУ
Премиерите од Западен Балкан на маса со Могерини
УНДП: Затоплувањето на домаќинствата, индустриските капацитети и сообраќајот најголем..

Регион

„Контрањуз“: Американците му веруваат на Ципрас
konj_2.jpg

Политичката и воена елита на САД имаат доверба во Грција и нејзиниот премиер Алексис Ципрас, и во тој контекст договорите кои се очекува да се потпишат меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Ципрас за време на неговата посета на Белата куќа на 17 окомври се од стратешко значење.

Ова го јави грчкиот весник „Контрањуз“ додавајќи дека според извори од Вашингтон, договорите кои ќе ги потпипшат двајцата лидери „ќе ја променат и рамнотежата во експлозивниот регион на Медитеранот“.

Вашингтон гледа на Грција како на земја на стабилност и безбедност во Средоземното Море и оваа оценка доаѓа во момент кога турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го води кон крајност конфликтот со Американците, пишува весникот.

– А од таа гледна точка не е исклучено кризата меѓу Турција и САД која се интензивира да доведе до целосна изолација на Ердоган, откако турскиот претседател почна да создава нови коалиции со учество на Владимир Путин, на Иран, Катар и дури на Хамас, во обид да добие улога во регионот, коментира „Контрањуз“.

Весникот додава дека „спротивно на него, американскиот претседател Доналд Трамп има целосна доверба во грчкиот премиер Ципрас, како и претходната американска администрација“.

Во текстот се наведува дека за време на владеењето на СИРИЗА, грчко-американските односи се доведени на најдобро можно ниво, и оти сега му се дава шанса на Ципрас да профитира од геополитичката позиција на Грција и да потпише исклучително важни договори во стратешки сектори на економијата на земјата.

– Присуството на Америка во Грција може да ја зајакне безбедноста на земјата во однос на Турците и да ги зголеми инвестициите. Американците се подготвени и да дадат знак за помош на Грција, а паралелно со тоа и да извршат притисок врз Европејците, за да донесат одлуки за намалување на грчкиот долг, што е неопходен предуслов за рестартирање на грчката економија, пишува „Контрањуз“.

 12.10.2017, 13:24  | L.E. | 55

 

© ZURNAL.mk

 Регион 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

2043
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.