Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Во Турција издадени налози за апсење на 25 војници

Триесет проекти за намалување на загадувањето
Преку Софија, Македонија во ЕУ
Премиерите од Западен Балкан на маса со Могерини
УНДП: Затоплувањето на домаќинствата, индустриските капацитети и сообраќајот најголем..

Регион

Во Турција издадени налози за апсење на 25 војници
rrr.jpg

Турските власти издале налози за апсење на 25 војници низ целата земја, но и во северниот дел на Кипар, населен со Турци, соопштија безбедносните власти.

Операцијата е дел од мерките кои официјална Анкара ги презема по неуспешнииот обид за пуч минатата година.

Властите бараат војници, кои се на активна должност и на различни позиции во турската армија, во 13 провинции и во северниот дел на Кипар, соопштија истите извори.

Обвинителите во југоисточната провинција Мардин го наложиле апсењето на војниците поради „тајни воени структури“ на мрежата на муслиманскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кој со години живее во егзил во САД, и кого Анкара го обвинува за организирање на обидот за државен удар.

Од јули 2016 година, кога се случи обидот за пуч, турските власти уапсија повеќе од 50.000 луѓе, кои се соочуваат со судење поради обвинувањата за поврзаност со Ѓулен, а 150.000 луѓе беа разрешени или суспендирани од нивните функции во војската или во јавниот и приватниот сектор

 12.10.2017, 13:23  | L.E. | 22

 

© ZURNAL.mk

 Регион 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

2011
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.