Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Медиуми: По децении недоверба, се подобруваат односите меѓу Белград и Анкара

Триесет проекти за намалување на загадувањето
Преку Софија, Македонија во ЕУ
Премиерите од Западен Балкан на маса со Могерини
УНДП: Затоплувањето на домаќинствата, индустриските капацитети и сообраќајот најголем..

Регион

Медиуми: По децении недоверба, се подобруваат односите меѓу Белград и Анкара
med_6.jpg

Западните агенции јавија дека претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган бил срдечно пречекан за време на посетата на Србија и констатираа дека односите на Белград и Анкара се подобриле во текот на последните години по повеќедецениската недоверба, како и дека двете земји се стремат кон зголемување на трговската соработка.

– Влијанието на Турција веќе е силно кај муслиманите во Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, но Србија што е главно населена со православни христијани многу е поблиска со Русија. Сепак Белград и Анкара кои сакаат да се приближат до Европската унија, но се фрустрирани од слабиот напредок, се стремат да ја зголемат трговската соработка, пишуваат западните медиуми.

Ердоган се надева дека ќе се зголеми економското и културното влијание на Турција врз Балканот во време на зголемени тензии меѓу Анкара со ЕУ и САД, и потсетува дека регионот на Балканот со векови бил дел од Отоманската империја.

Ердоган наведе дека Турција ќе ја финансира изградбата на патот кој го поврзува Санџак со Сараево, ќе го реконструрара амамот од времето на Османлиската империја и ќе изгради мост во Нови Пазар.

Тој во Белград вети и достава на гас и турски инвестиции за Балканот и потпиша договор со српскиот претседател Александар Вучиќ со цел да го зајакне договорот за слободна трговија.

Турција историски себе си се гледа како бранител на муслиманите на Балканот, констатираат медиумите.

Западните медиуми потсетуваат дека Турција ги поддржуваше босанските муслимани за време на војната во 90-те година, како и дека во Рашката област, каде поголемиот број од жителите повеќе се сметаат за дел од БиХ или Турција, отколку од Србија, ситуацијата остана мирна, но тензична со текот на годините.

Односите меѓу Србија и Турција се подобрија во текот на последните години по повеќедецениската недоверба меѓу двете земји, оценуваат медиумите, напоменувајќи дека Србија речиси 500 години била под владеење на Османлиската империја.

Илјадници лица развиорија турски и српски знамиња на улиците во Нови Пазар кога Ердоган престојуваше таму заедно со Вучиќ

Ердоган го пофалил Вучиќ поради тоа што му пружил поддршка за време на неуспешниот обид за државен удар што се случи во Турција минатата година.

Лицата кои се наоѓале на улиците на Нови Пазар извикувале „Алах Акбар“ (Бог е голем), а на еден голем транспарент пишувало „Добредојде султане“ со потпис „внуците на Отоманската империја“.

На еден од транспарентите во Нови Пазар се наоѓала фотографија на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен облечен во затворска униформа, кого Анкара го смета за одговорен за минатогодишниот неуспешен пуч во Турција.

За време на говорот Ердоган повикал крвавото минато на Балканот да биде заменето со единство меѓу бројните држави во регионот и порачал дека Турција и Србија делат заеднички ставови.

– Се чувствувавме како дома за време на посетата на Србија. Ќе го сочуваме нашето пријателство, истакна Ердоган.

 12.10.2017, 13:23  | L.E. | 47

 

© ZURNAL.mk

 Регион 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

2079
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.