Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Матис: Лажни се тврдењата за зголемување на нуклеарниот арсенал во САД

Триесет проекти за намалување на загадувањето
Преку Софија, Македонија во ЕУ
Премиерите од Западен Балкан на маса со Могерини
УНДП: Затоплувањето на домаќинствата, индустриските капацитети и сообраќајот најголем..

Свет

Матис: Лажни се тврдењата за зголемување на нуклеарниот арсенал во САД
matis_1.jpg

Вашингтон, 12 октомври- Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис ги оцени како „целосно лажни“ наводите на медиумите во кои се тврди дека претседателот на САД, Доналд Трамп побарал зголемување на нуклеарниот арсенал на земјата.

- Ваков вид на неточно известување е неодговорно, оцени Матис.

Ен-Би-Си њуз претходно јави дека Трамп на состанокот со неговите советници за национална безбедност во јули побарал драстично зголемување на нуклеарниот арсенал на САД.

Трамп ги негираше таквите тврдења на Твитер.

- Лажниот Ен-Би-Си њуз измислуваат приказна дека сум сакал „десеткратно“ да го зголемам нуклеарниот арсенал на САД. Чиста измислица, создадена за понижување. Ен-Би-Си=Си-Ен-Ен!, напиша Трамп на Твитер

 12.10.2017, 13:22  | L.E. | 22

 

© ZURNAL.mk

 Свет 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

2230
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.