Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Телефонски разговор Тилерсон - Чавушоглу за дипломатската криза

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Свет

Телефонски разговор Тилерсон - Чавушоглу за дипломатската криза
tel_2.jpg

Вашингтон, 12 октомври- Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон синоќа телефонски разговараше со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, при што изрази „длабока загриженост“ поради притворањето на членови на персоналот на американските дипломатски мисии во Турција, соопшти денеска Стејт департментот.

- Тилерсон ја повика турската Влада да изнесе докази за обвинувањата против двајцата членови на дипломатскиот персонал на САД, кој годинава беа уапсени во Турција, се наведува во соопштението.

Поради апсењето на вработени во американските дипломатски мисии во Турција, Вашингтон пред неколку денови го запре издавањето на визи за Турците, на што Анкара одговори со реципрочна мерка, што доведе до дипломатска криза.

Турскиот вицепремиер Мехмет Шимшек синоќа пред Трговската комора на САД во Вашингтон изјави дипломатската криза меѓу САД и Турција е „претерана“ и набрзо ќе биде надмината.

Тој додаде дека безбедноста и сигурноста на американските дипломати во Турција е „топ приоритет“, а приведувањето на претставници на американските мисии во Турција ги оцени како „рутинска“ истрага.

- Не сакаме овој спор да продолжи ниту секунда повеќе, посочи Шимшек.

Изјавата на Шимшек е спротивна на изјавите на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган кој во вторникот изјави дека агенти се инфитрирани во американските мисии во Турција и дека Анкара веќе не го препознава американскиот амбасадор Џон Бас како легитимен претставник.

Бас вчера изјави дека Вашингтон се уште не добил официјално објаснување од Анкара за апсењето на вработените во американските дипломатски мисии во Турција.

Во исто време, американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис изјави дека воените сили на САД и на Турција и понатаму добро соработуваат и оти дипломатскиот спор помеѓу двете партнерски земји-членки на НАТО не влијае на соработката.

- Одржуваме многу блиска соработка и комуникација, интеракција помеѓу војските и интеграцијата не е загрозена, изјави вчера Матис.

 12.10.2017, 13:20  | L.E. | 24

 

© ZURNAL.mk

 Свет 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

30898
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.