Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Oбраќање на Заев до гласачите: Дојде време на нова политика, во која зборот е збор

Триесет проекти за намалување на загадувањето
Преку Софија, Македонија во ЕУ
Премиерите од Западен Балкан на маса со Могерини
УНДП: Затоплувањето на домаќинствата, индустриските капацитети и сообраќајот најголем..

Македонија

Oбраќање на Заев до гласачите: Дојде време на нова политика, во која зборот е збор
Zoran-Zaev16.jpg

Обраќањето на лидерот на СДСМ Зоран Заев до галсачите го објавуваме интегрално:

„Почитувани граѓани,

Еве не повторно заедно, исправени пред уште една историска одлука за нашата Република Македонија - да си потврдиме дека одиме напред, кон раст и развој.

Бидете горди и сигурни – Македонија е слободна и слободно живее!

И сега, мораме да продолжиме!
Промената мора да биде целосна, затоа што на Македонија и треба целосна слобода, економија, правичност и живот во секоја општина.

Вашите барања се јасни и јас ве уверувам дека нашите градоначалници ќе направат се да ги исполнат плановите кои ги создадоа за вас. Децата да бидат згрижени и да учат во топли и пријатни градинки и училишта. Граѓаните да се движат по квалитетни и асфалтирани улици и патишта. Да има канализација во секоја општина. Да има чиста вода за пиење до секој дом. Да дишеме чист воздух, затоа што нема слобода и живот без чист воздух. Секој да добие навремена услуга во својата општина.

Ве уверувам, сето ова брзо ќе се оствари. Дојде време на нова политика, во која зборот е збор, а гласот на граѓаните е најважен. Новата политика значи дека преку централната власт силно ќе ги поддржиме општините и граѓаните. Парите мора да одат на локално ниво, за да направиме општини по ваша мерка, општини кои работат за вас и кои ве поврзуваат.

Затоа, почитувани граѓани на Република Македонија,
Ајде заеднички во нова акција, сега во недела, на 15 октомври!

Знаеме како треба – со пенкало. Сите да излеземе и да го дадеме својот глас за живот во Македонија и во секоја општина.
Ајде да гласаме слободно за да ги завршиме промените што заедно ги донесовме.

За да живеат селата и градовите во Македонија!
За да живеат граѓаните на Македонија!
За да живее нашата убава Македонија!“, се наведува во обраќањето.

 

 12.10.2017, 13:17  | Xh.I. | 67

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

2178
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.