Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Уште има говор на омраза и црна кампања во медиумското изборно известување

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Македонија

Уште има говор на омраза и црна кампања во медиумското изборно известување
21_3.jpg

Подобрување на начинот на известување на медиумите за време на изборите со поголема избалансираност, но и говор на омраза и црна политичка кампања од партиите, се забележани во пресрет на локалните избори, додека намалениот број на напади врз новинари не може да биде гарант за слобода на говор.

Тоа беше посочено на денешната дебата „Известувањето на медиумите во изборна кампања, искуства и предизвици“ во организација на Здружението на новинари на Македонија и граѓанската организација Онлимит медиа.

Директорот на АВМУ Зоран Трајчевски посочи дека подобрувањето во однос на медиумското известување без поголеми законски промени во однос на претходните изборни циклуси, покажува дека медиумите имаат капацитет и волја за тоа.

- Само кај еден медиум постои неизбалансираност, а кај сите други има доследно почитување. Во изминатите 70 дена поднесена е само една прекршочна постапка за небалансираност против ТВ Алфа, како и пет-шест претставки за техничко непочитување на политичкото рекламирање и објавувањето на анкети - изјави Трајчевски.

Џабир Дерала од Цивил посочи дека наместо да се информираат, луѓето се контаминираат со омраза преку медиумите и постојат сериозни забелешки за однесувањето на судовите.

- Контролата на медиумите предизвика сериозен пад на политичката култура и тоа не може да се промени со еден – два извештаи без коренити промени. Таквите политики не може да опстанат без поддршка од судовите. Голем дел од насилствата кои се случуваат се поттикнати од говорот на омраза што се случува во медиумите. Нема ништо да направиме без навремена судска реакција и активирање на регулаторите - рече Дерала.

Посочи дека квалитетот на медиумите опаѓа пропорционално со квантитетот на говорот на омраза.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани рече дека постои тренд на намалување на нападите врз новинарите и сега не е забележан ниту еден физички напад врз новинар.

- Полицијата почна сериозно да ги истражува нападите, но загрижува фактот дека од 54 напади ниту еден напаѓач не е правосудно процесуиран. Тоа покажува јасна политика на неказнивост. Само 10 случаи се целосно истражени и поднесени се пет пријави. Со политиката на неказнивост не можеме да очекуваме подобрување на слобода на говорот - истакна Насер Селмани.
 

 12.10.2017, 13:16  | Xh.I. | 39

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

30917
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.