Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Затворениците живеат во нехумани услови, притворениците се по 23 часа во ќелиите

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Македонија

Затворениците живеат во нехумани услови, притворениците се по 23 часа во ќелиите
zat31.jpg

Комитетот за превенција на тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување (КПТ) на Советот на Европа во извештајот објавен денеска во Стразбур, изразува критики за начинот на кој се третираат затворениците и за затворските услови во КПД Идризово, кој прифаќа 60 отсто од затворените лица во Македонија.

Во извештајот изработен врз основа на посетата на КПТ на Македонија во декември 2016 година, се наведува дека затворските условите забележани во неколку крила во Идризово може да се сметаат за нехумани.

Се потсетува дека КПТ, од 2006 година, во неколку наврати ги нагласуваше фундаменталните структурни проблеми, како што се недостаток на политика за управување со сложени институции, несоодветни постапки за пријавување и систем за следење и недостатокот на управување со персоналот и неможноста на затворскиот персонал да ги извршува своите должности.

Наодите од посетата во декември 2016 година покажуваат дека е постигнат мал напредок во справувањето со проблемите во казнено-поправниот систем. Освен тоа, здравствената заштита што се обезбедува во затворот во Идризово е сосема несоодветна и ги става под ризик животите на затворениците.

Во извештајот, исто така, се опишува дека е забалежано и големо присуство на корупцијата во затворскиот систем. КПТ утврди дека во Идризово за секој аспект на затворот може „да се плати“, како за сместување во соодветна ќелија или дозвола за отсуство, пристап до лекови, мобилен телефон или употреба на дрога.

Во извештајот се тврди дека постојан проблем е малтретирањето на затвореници, насилството меѓу затворениците, корупцијата и недостатокот на активности за затворениците, што во затворот Идризово се суштински поврзани со недостигот на вработени и недостаток на обука и поддршка на затворскиот персонал.

Во однос на истражното одделение на Затворот Скопје, КПТ пишува дека обвинетите се ограничени во своите ќелии 23 часа на ден, а притворот може да потрае до две години, без да имаат ништо друго освен читање, играње карти или да слушаат радио. Материјалните услови исто така се критикувани.

Иако ситуацијата во затворениот дел на затворот во Штип е помалку сериозна во споредба со Идризово, во извештајот се препорачува, меѓу другото, да се намали пренатрупаноста во некои ќелии, да се подобрат материјалните услови и да сe предложи режим со мотивирачки активности.

КПТ го заклучува својот извештај со констатацијата дека „време е владеењето на правото и заштитата на човековите права целосно се спроведат во затворскиот систем" и Република Македонија „да ги исполни меѓународните обврски и да соработува со КПТ".

Во одговорот на македонските власти се нагласува дека се подготвуваат разни програми за подобрување на казнено-поправниот систем и дека секоја од препораките на КПТ ќе биде земена предвид и ќе биде следена со соодветни активности за подобрување на состојбата.
 

 12.10.2017, 11:41  | Xh.I. | 34

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

30851
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.