Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Насилникот кој ја влечеше Шекеринска за коса денеска ќе ја слушне пресудата, му се закануваат до десет години затвор

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Македонија

Насилникот кој ја влечеше Шекеринска за коса денеска ќе ја слушне пресудата, му се закануваат до десет години затвор
Pance-696x375.jpg

Во Кривичниот суд денеска ќе биде позната пресудата за насилникот кој за коса ја влечеше министерката Радмила Шекеринска, на 27 април во Собранието.

Обвинетиот, 65-годишниот, Панче Ангелов на последното рочиште ја призна вината, и побара помала казна од судот, бидејќи како што кажа, живеел сам па ќе немало кој да му помогне додека е во затвор. Според кривичното дело кое му се става на товар, на Ангелов му се заканува затворска казна од три до десет години.

Обвинетиот Ангелов покрај тоа што ја призна вината, во судница се извини како што рече на целокупната македонска јавнист заради грозоморното дело што го направил.

„Во мојот живот ни приближно нешто не сум направил. Сметам дека судот ќе има разбирање за мене. Живеам сам и доколку одам во затвор ќе нема кој да ми помогне – рече обвинетиот Ангелов.

И обвинителката во овој случај побара судот да го казни обвинетиот, но сепак и таа посочи да ги цени олеснителните, но и отежителните околности.

– Признанието може да ја спушти казната за најмалку 70 проценти, но исто така пак треба да се ценат и отежителните околности бидејќи без повод и причина на подмолен начин ја искористил немоќта на жртвата и ја повредил – рече обвинителката.

 12.10.2017, 11:35  | Xh.I. | 64

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

30929
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.