Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Владата бара Уставен суд да го запре преиспитувањето на Законот за следење комуникации

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Македонија

Владата бара Уставен суд да го запре преиспитувањето на Законот за следење комуникации
35_3.jpg

Владата, на 31. седница вчера, донесе мислење Уставниот суд да ја запре постапката за преиспитување на уставноста на членот 175 од Законот за следење на комуникациите, зашто оваа иницијатива е парцијална и не ѝ приоаѓа на оваа тема сеопфатно, и пресретнува еден процес кој е веќе во одмината постапка.

Ова мислење на Владата на РМ е донесено врз основа на барањето на Уставниот суд, владата да даде мислење за оваа иницијатива, и е редовна практика во комуникацијата меѓу Владата на РМ и Уставниот суд на Република Македонија.

„Предлозите на законските решенија на работната група, направени согласно препораките на меѓународните и домашните експерти, се во завршна фаза и наскоро ќе бидат објавени. Тоа е и во приоритетите на Планот 3-6-9. И тоа во овој, тековен временски интервал од планот.

Во подготовката на овие промени, Владата на РМ се раководи од идејата реформата во оваа област да биде транспарентна, темелна и сеопфатна и да биде под целосна контрола на институциите“, се наведува во информацијата од Владата.

 

 11.10.2017, 14:53  | Xh.I. | 55

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

30937
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.