Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Заев: Почитувањето на големите датуми е само мал дел од нашата должност кон минатото

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Македонија

Заев: Почитувањето на големите датуми е само мал дел од нашата должност кон минатото
11102017133548_web_zoran_zaev-2.jpg

Празнувањето на големите датуми, оддавањето чест на сите наши претходници вградени во државноста и во слободата на Република Македонија, е само еден дел од нашата должност кон нашето достојно минато, рече македонскиот премиер Зоран Заев на денешниот централен настан на одбележување на 11 Октомври – Денот на народното востание, пред Споменикот на ослободителите на Град Скопје, во дворот на Владата, на кој повеќе делегации положија цвеќе.

Заев во говорот посочи дека патриотизмот не завршува тука. „Нашиот патриотизам идните генерации ќе го слават само ако им дадеме повеќе причини за тоа, како што нам, причини за славје ни даде генерацијата на партизаните од антифашистичката и народноослободителната борба“.

- Пред 76 години нашите сограѓани во Прилеп и Куманово се одважија и презедоа акции со кои го означија почетокот на востанието на македонскиот народ и на сите други граѓани во Македонија против фашистичкиот окупатор и почетокот на завршните процеси во впишување на македонската држава на мапата на народите во светот - порача Заев.

Пред Споменикот на ослободителите на Град Скопје, освен владината делегација свежо цвеќе положија и делегации на Собранието предводена од пратениците Јулиана Николова и Диме Велковски, на АРМ, предводена од заменик- началникот на Генералштабот, генерал- мајор Мухамет Рацај, на Сојузот на борците предводена од Никола Стојановски и други делегации на државните институции и дипломатскиот кор.

 11.10.2017, 14:42  | Xh.I. | 39

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

30843
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.