Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Microsoft се збогува со Windows 10 Mobile

Триесет проекти за намалување на загадувањето
Преку Софија, Македонија во ЕУ
Премиерите од Западен Балкан на маса со Могерини
УНДП: Затоплувањето на домаќинствата, индустриските капацитети и сообраќајот најголем..

Технологија

Microsoft се збогува со Windows 10 Mobile
microo.jpg

 Microsoft престанува со развој на функционалности и хардвер за Windows 10 Mobile платформата. Веста доаѓа од Џо Белфиоре, кој е задолжен за развој на Windows 10. Компанијата подолг период се мачи со телефоните, а се чини дека веќе и официјално е подготвена да крене раце од нивниот развој.

Of course we'll continue to support the platform.. bug fixes, security updates, etc. But building new features/hw aren't the focus. 

— Joe Belfiore

Кога овие уреди се во прашање Microsoft ќе продолжи да работи на отстранување на баговите и безбедносните пропусти. Она што е новитет е дека компанијата барем засега и официјално се откажува од нови уреди.

Microsoft се обидуваше да освои поголем дел од пазарот со нов оперативен систем. За жал, последниве неколку години покажуваат дека на пазарот нема простор за нов оперативен систем, покрај Android и iOS. Microsoft дури ја купи и Nokia за развој на своите телефони, но плановите за ова „спојување“ не се остварија.

Веста дојде откако Microsoft издаде Edge верзија за прелистувачот за iOS, а најави дека истото ќе го направи и за Android. Ова најверојатно не е изненадување. По доаѓањето на Сатја Надела на директорското место, компанијата се посвети на развој на софтвер и услуги. Во последните години најголем дел од апликациите на Microsoft се наменети за сите платформи.

 10.10.2017, 16:02  | L.E. | 21

 

© ZURNAL.mk

 Технологија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

2282
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.