Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Motion – првиот водоотпорен телефон на BlackBerry (видео)

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Технологија

Motion – првиот водоотпорен телефон на BlackBerry (видео)
motion.jpg

Официјално е претставен „BlackBerry Motion“, a пристигнува со 5.5-инчен 1080p LCD eкран и без физичка тастатура во било која форма.

Новиот телефон на „BlackBerry“ го користи процесорот „Snapdragon 625“, заедно со 4GB RAM, 32GB вграден простор за складирање и батерија од 4000mAh. Со ефикасниот процесор и големата батерија, се очекува работниот век на телефонот да биде доста импресивен.

За камерата е задолжен 12MP сезонр со f/2.0 на задната страна и 8MP камера на предната. Телефонот има и „IP67“ заштита од вода и прашина. Оперативниот систем е „Android 7.1“, како и кај моделот „BlackBerry Keyone“.

Се очекува дека „BlackBerry Motion“ ќе чини околу 460 долари, а прво ќе се појави на Блискиот исток.

 10.10.2017, 16:00  | L.E. | 21

 

© ZURNAL.mk

 Технологија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

30944
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.