Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Меланија Трамп ѝ го возврати ударот на Ивана: "Не треба да го злоупотребуваш брачното искуство за сопствена промоција"!

Триесет проекти за намалување на загадувањето
Преку Софија, Македонија во ЕУ
Премиерите од Западен Балкан на маса со Могерини
УНДП: Затоплувањето на домаќинствата, индустриските капацитети и сообраќајот најголем..

Шоубиз

Меланија Трамп ѝ го возврати ударот на Ивана: "Не треба да го злоупотребуваш брачното искуство за сопствена промоција"!
tr_20.jpg

Сопругата на претседателот на САД, Меланија Трамп ѝ ги возврати ударот на поранешната сопруга на Доналд кажувајќи ѝ дека нејзиното брачно искуство не треба да употребува за сопствена промоција. Откако Ивана се појави во медиумите по повод промоцијата на нејзината книга "Raising Trump", таа открила пикантерии од нивниот заеднички живот.

"Имам директен број од Белата куќа, но не сакам да го побарам Доналд бидејќи Меланија Трамп е со него", вели Ивана која му била сопруга на Трамп од 1977 до 1990 година. Ивана исто така изјавила дека таа е првата дама бидејќи му била и прва сопруга на Доналд Трамп.

Очигледно Меланија се вознемирила после оваа изјава па одлучила преку својата асистентка да ѝ го возврати ударот. "Белата куќа е дом на Меланија Трамп, Доналд и нивниот син Барон. На Меланија ѝ се допаѓа животот во Вашингтон и е почестена со титулата прва дама на САД. Нејзината титула планира да ја употребува за да им помогне на децата и да се залага за државата, а не за да продава книги", се вели во соопштението од Белата куќа.

Како што се претпоставува, Ивана сакала со оваа изјава да привлече внимание поради сопствено промовирање.

 10.10.2017, 15:54  | L.E. | 115

 

© ZURNAL.mk

Aktuelno

 Шоубиз 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

2039
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.