Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Изминатите 24 часа 15 сообраќајки во Скопје, осум лица потешко повредени

Триесет проекти за намалување на загадувањето
Преку Софија, Македонија во ЕУ
Премиерите од Западен Балкан на маса со Могерини
УНДП: Затоплувањето на домаќинствата, индустриските капацитети и сообраќајот најголем..

Црна хроника

Изминатите 24 часа 15 сообраќајки во Скопје, осум лица потешко повредени
skopjee_7.jpg

Скопје, 10 октомври- Осум лица се здобиле со тешки телесни повреди во вкупно 15 сообраќајни несреќи регистрирани во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје, а 12 со лесни телесни повреди. Во седум е причинета материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Од сообраќај се исклучени 19 лица кои го управувале возилото под дејство на алкохол, лица пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и возачи на возило со истечена важност на сообраќајната дозвола, две лица поминале на крстосница на црвено светло, како и едно лице кое непрописно се престроило.

Санкционирано е и едно лице кое поминало вон пешачки премин. Затекнати се 42 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети се 57 возила.

 10.10.2017, 10:49  | L.E. | 37

 

© ZURNAL.mk

 Црна хроника 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

2232
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.