МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јавното обвинителство формира Комисија за следење на нерегуларности на референдумот
Дурловски ја насочуваше толпата во Собранието, сведочеше градоначалникот на Шутка, Ку..
Земјоделско здружение му додели плакета на министерот Николовски
ВИДЕО: Јовановиќ: НАТО ни е потребно за да не се испоубиеме на Балканот
Економија
УСАИД вложува 5 милиони долари за малите бизниси

УСАИД вложува 5 милиони долари за малите бизниси

понеделник, 14 март 2011, 00:00ч.   |   B.B.

Скопје, 14 март - Грантови во висина од 5 милиони долари за невладини организации во областите на микро претприемништво и енергетска ефикасност, добија пет локални организации, меѓи кои Центарот за започнување бизнис од Битола, Центарот за претприемачи и менаџери, МАТА – македонската занаетчиска организација, Хабитат – Македонија и МДЦ ТИ.Нет.

„Верувам дека ефектите за локалната економија ќе бидат значајни. Организациите кои ќе работат на поттикнување на претприемништвото на 450 нови и постоечки микропретпријатија ќе им помогнат да се етаблираат на пазарот и понатаму да просперираат преку обуки, консултантски услуги, воспоставување контакти и со потенцијални партнери и купувачи и пристап до финансии“, рече американскиот амбасадор Филип Рикер.

Со проектот се очекува овие мали претпријатија да отворат околу 500 нови работни места делумно таргетирачќи групи кои традиционално имаат отежнат пристап до пазарот на трудот, како што се жените, младите и членови на ромската популација.

„Денес со овие пет проекти и поддршка на мали и средни претпријиатија во Македонија, генерално претприемништвото се поддржува еден мнгу значаен сектор во нашата економија, тоа е секторот на макли и средни претпријатија. Сектор кој иако изгледа мал во нашатата економија е значителен, ако гледаме по број на регистрирано компании според Централниот регистар повеќе од 99 отсто се мали и средни компании. Тие учествуват со 80 отсто од вработените во македонија и над 50 отсто во БДП и надворешната трговија“, рече министерот за економија Фатмир Бесими.

„Македонија ја прославува 20 години од независноста и македонските невладини организации мора да се соочат со предивикот, Македонија да ја направат попросперитетна, повешта и поинтегрирана во глобалната економија“, рече американскиот амбасадор, Филип Рикер.

Тој потенцира дека избраните пет организации биле внимателно одбрани и покажале значајни резултати со што ја стекнале довербата зна локалната заедница.

© ЖУРНАЛ    ~67,23

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат
НБРМ ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени
НБРМ: Падот на турската лира нема да се одрази врз македонската економија
Дали растот од три проценти е преоптимистичен?
ФОРДОМАНИЈА завладеа и во Македонијa
Македонецот годишно јаде под килограм сладолед, во ЕУ шест
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.