МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јорданов: Од научен аспект не постои македонски јазик
Кинг: Македонија е земја на потекло и транзит за нелегално огнено оружје
СДСМ: Мицкоски нема капацитет, понуда и идеја
НЕМАВ МОЖНОСТ ДА ГО ИСКЛУЧАМ ЗЕКИРИЈА ИБРАИМИ, СВЕДОЧЕШЕ ВЕЉАНОСКИ ЗА ПЕЕЊЕТО НА АЛБА..
Свет
Конечно - заврши рударската сага во Чиле

Конечно - заврши рударската сага во Чиле

четврток, 14 октомври 2010, 00:00ч.   |   T.S.

Чиле, 14 октомври – Сите 33 зарабени рудари успешно беа спасени и извлечени на површината на земјата.

Со ова заврши повеќе од двомесечната драма.

„Мисијата е завршена, Чиле“. Со овие зборови напишани на парче платно шестемина спасувачи го испратија на површината и последниот од 33-цата рудари, шефот на смената, 54-годишниот Луис Урсуа.

Целата операција траела 22 часа и 35 минути.

„Зборував со Луис Урсуа, шефот на смената. Тој ни ги врати рударите. Сакав да му кажам дека не направи горди“, изјави Себастијан Пинера, претседател на Чиле.

Претседателот Пинера е горд на акцијата и на спасувачите.

„Рударите не се истите луѓе што останаа заробени на 5-ти август. Излегоа посилни и не научија лекција. Не е ист ни Чиле. Денеска Чиле е пообединет и посилен од кога било и попочитуван во целиот свет. Тоа што почна како трагедија, заврши како вистински благослов“, вели Пинера.

Спасувањето чинеше меѓу 10 и 20 милиони американски долари и „секој песос беше добро потрошен“, порачал претседателот.

Тој им вети на чилеанските работници дека ќе направи нов пакт меѓу нив - животот, достоинството и заштитата на работниците отсега ќе бидат во центарот на владината политика.

© ЖУРНАЛ    ~52,18

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Макрон дава оставка – Францускиот претседател вечерва се обраќа на нацијата?!
Руски воен авион упадна на најголемата вежба на НАТО
ЕУ го укинува зимското сметање на времето
Уапсена главната финансиска директорка на „Хуавеј“
Анестезиолог инфицирал 1.300 пациенти со хепатит Ц во Германија
Холандија: Уапсен маж, пронајдени 350.000 евра во машина за перење
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.