МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Беља и Демири осудени на 19 години затвор за убиството на Саздо
ВМРО-ДПМНЕ: Сиљановска победи во 47 општини, СДСМ и коалицијата од 30 партии се пораз..
ЕУ повикува на излезност во вториот круг од изборите
Изборите добро спроведени, сé уште се потребни реформи на изборното законодавств..
Култура
Стогодишнина од раѓањето на уметникот Димче Коцо

Стогодишнина од раѓањето на уметникот Димче Коцо

понеделник, 13 декември 2010, 00:00ч.   |   B.B.

Скопје, 13 декември - Во Ликовниот салон на МАНУ, утре, ќе се отвори јубилејната изложбата - 100 години од раѓањето на македонскиот историчар на уметност  и ликовен уметник  Димче Коцо.

Оваа година МАНУ во соработка со Националната галерија на Македонија, и целата наша културна јавност, ја одбележува стогодишнината од раѓањето на Димче Коцо (1910-1993).  

„Сто години е убав повод за повторно да ги разгледаме уметниковиот живот и кариера и  пак да го преоцениме неговото место во историјата на уметноста во нашата земја“, велат организаторите.
 
Роден е на 10 октомври 1910 година во Охрид. Извесно време  го посетувал Уметничкото резбарско школо во Охрид. Потоа истовремено почнал да го посетува  уметничкото занаетчиско училиште  во Белград и да студира Историја на уметност на Филозофскиот факултет во Белград, на кој дипломирал во 1936 година.

Во 1945 година се враќа во Скопје и го иницира формирањето на Народниот музеј во Скопје и  работи како негов директор а истовремено почнува да предава историја на уметност на Филозофскиот факултет во Скопје.

Активно дејствува и како ликовен уметник на полето на сликарството и скулптурата а особено  на цртежот  таписеријата.
Член е на ДЛУМ од 1945 година.

Како историчар на уметноста и ликовен критичар, објавил повеќе статии од областа на  средновековната уметност, современата уметност како и археологијата.
На изложбата ке бидат презентирани шеесеттина дела на Димче Коцо (таписерии, масла, акварели, цртежи и скулптури)

Голем број дела се наоѓаат во Националната галерија на Македонија, во Музејот на современата уметност во Скопје, во МАНУ, како  и во  потесното семејство на Димче Коцо.

Автор на јубилејната изложба:  Димче Коцо, 100 години од раѓање е Славица Алексоска, виш кустос  во Националната галерија на Македонија.

Изложбата се реализира во соработка со Македонската академија на науките и уметностите и е подржана од Министерството за култура на Република Македонија.

© ЖУРНАЛ    ~234,80

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Шест романи во трката за „Роман на годината“
Краток филм на Елеонора Венинова ќе се прикаже на Кан
Почина македонскиот виолинист и концерт мајстор во Македонската опера и балет – Ѓоко Николовски
Натпревар на свечени фустани: Виенскиот бал во Скопје прослави јубилеј
Филмска вечер во Кинотека со германскиот филм „Што останува“
Плати со поезија по 5-ти пат го разубави Скопје
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.