Кликнете LIKE за да ја видите содржината

x

Кликнете LIKE за да ја видите содржината

x

       Impressum | Маркетинг | Контакт 
Македонија
Современите предизвици на НАТО водените операции

СКопје, 5 јуни - Одговорот на асиметричните и неконвенционални закани, предизвиците на кибернетичка безбедност, енергетската сигурност и предизвиците на енергетската ефикасност бараат многу поголема вклученост отколку само воена акција, порача државниот секретар во министерството за одбрана Сашо Стефаноски во средата на отворањето на дводневната работна средба во Скопје меѓу експерти од Македонија и Албанија на темата примена на Меѓународното хуманитарно право при операции на НАТО

По тој повод, државниот секретар во Министерството за одбрана, Сашо Стефаноски, истакна дека заштитата на цивилите и ширењето на хуманоста, при постигнување на оперативен успех, како и заштитата на воениот и цивилниот персонал се од суштинско значење, истовремено додавајќи дека научените лекции укажуваат на фактот дека оперативниот успех произлегува од оперативната легитимност која се поврзува со почитувањето на базичните принципи на меѓународното право.

„Одговорот на асиметричните и неконвенционални закани, предизвиците на кибернетичка безбедност, енергетската сигурност и предизвиците на енергетската ефикасност бараат многу поголема вклученост отколку само воена акција", посочи државниот секретар Стефаноски, укажувајќи на тоа дека сојузниците и земјите-партнери мора да ги имаат дипломатијата, информациите и економијата како инструменти за одговор на предизвиците и неутрализација на непосредните закани за граѓаните. 

Во тој контекст, координаторот на активноста, доц. д-р Методи Хаџи Јанев, додаде дека оваа работилница ќе се осврне на повеќе значајни и сензитивни теми како кибернетичка и енергетската безбедност, употребата на беспилотните летала и асиметричните закани. 

Дводневната обука има за цел на учесниците да им ги долови современите предизвици кои се исправаат за време на НАТО водените операции со особен акцент на предизвиците од меѓународното хуманитарно право. Воедно, предавачите во текот на предавањата ќе стимулираат и развијат дискусија за наведената проблематика со цел преку критичко размислување да придонесат кон размена на најдобрите практики и научени лекции, но и да придонесат кон изнаоѓање на практични решенија. 

Оваа обука е значајна и поради тоа што покрај интерресорската соработка на Министерството за одбрана со другите органи на државната управа, Министерствата за внатрешни, надворешни работи, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Агенцијата за разузнавање, Управа за финансиско разузнавање, на истата присуствуваат и претставници од НАТО советодавниот тим и од Евроатлантскиот совет на Македонија. Таа е прва ваква иницијатива на регионално ниво и со неа се прави чекор напред во прилагодување на современите трендови во безбедноста и одбраната, со што Министерството за одбрана активно продолжува со напорите за јакнење на регионалната соработка, но и со напорите за достигнување на стратешката цел - интеграција во евроатлантски структури

Објавено во среда, 05 јуни 2013 во 17:16, прочитано 268 пати, објавил B.B.
Имиња:  ●  ● 
КОМЕНТАРИ
ПОЛИСА ЗА КОМЕНТАРИТЕ
Забрането е испраќање коментар кој што е незаконски, уценувачки, заканувачки, порнографски или било кој друг материјал што е против законот. Коментарот треба да биде во склоп со веста за која се дискутира и треба да е умерен и достоинствен према авторот или коментаторите. За содржината на коментарот одговорно е лицето што го испраќа и можните законски последици ги сноси истото. Кога ќе испратите коментар, Вие на ЖУРНАЛ му давате право но не и задолжување тој да биде објавен, искористен во печатеното издание по потреба, ре-објавен, лиценца за принтање, дистрибуирање, публикување и репродукција на истиот.

Напомена: Коментарите се испраќаат анонимно. ЖУРНАЛ не ги обврзува читателите со претходна регистрација на корисничко име и не врши нивна проверка. Поради тоа Ве молиме имајте во предвид дека имињата (псевдонимите) под кои читателите ги оставаат своите коментари се веројатно невистинити.
Име
Е-пошта
Коментар *
Код *
3733
 
Македонија
Град, снег и заладување на Балканот
понеделник, 24 март 2014  14:57
Студенти ќе изрботуваат бизнис планови со мерки за енергетска ефикасност
понеделник, 24 март 2014  14:47
ВМРО-ДПМНЕ со голем митинг денес традиционално ја започнува кампањата од Охрид
понеделник, 24 март 2014  14:44
Шилегов: Надлежните да го откријат сторителот на ова гнасно и кукавичко дело
недела, 23 февруари 2014  23:05
Фрлена бомба пред канцеларијата на СДСМ во Карпош
недела, 23 февруари 2014  23:03
Граѓаните имаат најголема доверба во Никола Груевски
недела, 23 февруари 2014  21:11
Средба на Ахмети со италијанскиот амбасадор Белели
недела, 23 февруари 2014  18:08
ВМРО-ДПМНЕ на 1 март ќе го избере кандидатот за претседател
среда, 05 февруари 2014  00:27
Утре снег на планините
среда, 05 февруари 2014  00:26
Шилегов: 1 милион евра за црната кампања против Зоран Заев за само 10 дена!
среда, 05 февруари 2014  00:24
2009-2014 © ЖУРНАЛ МК - "Вести што треба да ги знаете"
Сите права се задржани.