Кликнете LIKE за да ја видите содржината

x

Кликнете LIKE за да ја видите содржината

x

       Impressum | Маркетинг | Контакт 
Култура
Ќе се гради кино на браќата Манаки и храм „Св.Нектариј Битолски“

Битола, 20 март - Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и градоначалникот на општина Битола Владимир Талески денеска во Битола ги промовираа проектите за изградба на Храм посветен на заштитникот на градот „Св.Нектариј Битолски“, како и киното „Корзо“ на браќата Јанаки и Милтон Манаки за кое што веќе е изготвен проектот. 

Министерството за култура дава целосна поддршка на проектот за изградба на храмот во чест на „Свети Нектариј Битолски“ кој ќе се реализира во заштитената зона во непосредна близина на Саат кулата. Проектот е поддржан од митрополитот преспанско пелагониски и администратор австралиско – новозеландски.

„Проектот произлегува од барањата на граѓаните и е во координација со Македонската православна црква. Изградбата на еден сакрален објект е од големо значење за граѓаните на Битола и целата држава. Проектот за заштитно конзерваторски основи е завршен од НУ Завод и Музеј и предаден на општината, изјави Канческа Милевска.

Согласно утврдената планска програма се планира површина за градба на верски објект со пропратни содржини и редефинирање на сообраќајното решение во еден од најатрактивните и највредните простори во централното градско подрачје, со утврдени насоки согласно заштитен режим со кој ќе се овозможи максимално зачувување на амбиенталните вредности на опфатот во рамките на утврдената споменичка целина.

Новата црква нема да биде многу голема, но затоа ќе плени со својата убавина:

„Ќе ги побараме најдобрите мајстори со најдобри материјали, во срцето на градот да подигнат Храм на нашиот заштитник, со што ќе придонесеме за надградба на духовното живеење во нашиот град“, истакна Талески.
 
Во наредниот период општина Битола ќе го возобнови киното на браќата Манаки што се наоѓало на Широк Сокак во овој град. Според проектот поддржан од Министерството за култура и Кинотека на Македонија ликот на некогашното кино „Корзо“ ќе биде вратен со изградба на нов објект на старата локација во кој ќе има постојана музејска поставка, архивски материјал и фотографии, но и предмети од киното на браќата Милтон и Јанаки Манаки.

„Се радувам што Битола повторно ќе го добие автентичниот изглед на киното на браќата Манаки во кое ќе има и музејска поставка со што светската јавност и сите посетители што доаѓаат во Битола ќе може да се запознаат со творештвото на браќата Манаки и за се што тие направиле за Македонија и за светот“, изјави Канческа Милевска.

За иградба на киното „Корзо“ на браќата Манаки во првата фаза ќе бидат инвестирани 30 милиони денари средства од општинскиот буџет, а изградбата ќе започне веднаш после локалните избори.

„Реализираме проект кој им го должиме на браќата Манаки, реконструкција на киното што многу значело во минатото, но и денес. Имаме детален урбанистички план, постои проект, тендерот е завршен, а веднаш по изборите почнуваме со реализација на првата од трите фази за реконструкција на киното на браќата Манаки кое освен што ќе го задржи оригиналниот изглед на фасадата, внатре ќе има најсовремена техника и технологија“, изјави Талески.

Објавено во среда, 20 март 2013 во 18:04, прочитано 482 пати, објавил B.B.
Имиња:  ●  ● 
КОМЕНТАРИ
ПОЛИСА ЗА КОМЕНТАРИТЕ
Забрането е испраќање коментар кој што е незаконски, уценувачки, заканувачки, порнографски или било кој друг материјал што е против законот. Коментарот треба да биде во склоп со веста за која се дискутира и треба да е умерен и достоинствен према авторот или коментаторите. За содржината на коментарот одговорно е лицето што го испраќа и можните законски последици ги сноси истото. Кога ќе испратите коментар, Вие на ЖУРНАЛ му давате право но не и задолжување тој да биде објавен, искористен во печатеното издание по потреба, ре-објавен, лиценца за принтање, дистрибуирање, публикување и репродукција на истиот.

Напомена: Коментарите се испраќаат анонимно. ЖУРНАЛ не ги обврзува читателите со претходна регистрација на корисничко име и не врши нивна проверка. Поради тоа Ве молиме имајте во предвид дека имињата (псевдонимите) под кои читателите ги оставаат своите коментари се веројатно невистинити.
Име
Е-пошта
Коментар *
Код *
3326
 
Култура
Издадено дело на Матеја Матевски по повод 85-годишнина од раѓање
четврток, 30 јануари 2014  18:17
„Девојчето со кибритчињата“ награден на фестивал во Индија
среда, 29 јануари 2014  14:46
Марина Мијаковска добитничка на наградата "Македонска книжевна авангарда"
вторник, 28 јануари 2014  17:15
Детската балетска претстава „Доктор Офболи“ во МОБ
сабота, 25 јануари 2014  12:12
Седум години се снима филмска музика во Македонија за престижни филмски проекти
петок, 24 јануари 2014  16:10
Театарска премиера на „Бегалка“ во Кавадарци
четврток, 23 јануари 2014  09:13
„Напуштен град“ од Етернијан - песна на денот во САД
вторник, 21 јануари 2014  16:30
„Функционер“ го лапна бурето со 40 литри „Вевчанска керф“ од Стоби
недела, 19 јануари 2014  16:06
Јубилејна ревијална изложба на ДЛУМ
петок, 17 јануари 2014  17:48
Изедба на сценската кантата „Кармина Бурана“
петок, 17 јануари 2014  17:45
2009-2014 © ЖУРНАЛ МК - "Вести што треба да ги знаете"
Сите права се задржани.