Кликнете LIKE за да ја видите содржината

x

Кликнете LIKE за да ја видите содржината

x

       Impressum | Маркетинг | Контакт 
Култура
ВИДЕО: Трејлер за филмот „Роза танга четврток“
Скопје, 17 јуни - Филмот „Роза танга четврток“ е петти филм на контраверзната режисерка Софија Теодор, а конечно имаме шанса да го видиме и трејлерот.

Филмот е во траење од 26 минути во кој Софија Теодор е сценарист и режисер. Кратката драма разработува тема за еден брачен пар каде што мажот е бисексуалец, се облекува без да знае жена му во женска гардероба и танцува во дискотека. Неговата жена мисли дека причина за неговото отсуство е некоја друга.

Филмот е српско-македонска копродукција, се снимаше на локација низ Скопје. Копродуценти се „Филм фатал“ од српска страна и „Прогресиве Оне“, „МТВ“ и „Урбан филм“ од македонска страна.

Софија Теодор е косценарист, режисер и продуцент на овој филм од македонска страна, а од српска страна продуцент е Слободан Голубовиќ.

Сценаристи:
Ева Камческа и Софија Теодор.

Монтажер: Владимир Павловски - Тегла

Помагател порталот:сезнам.мк

Улоги: Бане Јефтик (Србија), Биљана Танески, Васил Шишков, Мите Гроздановски, Петар Стојковиќ, Ана Кафкалеска, Валентина Геогриевска - Парго и Јелена Мијатовиќ.        




Теодор зад себе има една театарска престава во МНТ на мала сцена во 2004 година, монодрама во режија на Елица Младеновска и Софија Теодор, каде што игра младиот актер Петар Стојковиќ. Станува збор за монодрамата под име „Драги татко“ од франц Кафка. Истата оваа престава после се трансформира и во кабаре и во октомври 2004 се изведе во „Папаја“. Тоа беше една од првите престави кои се изведоа по принцип на кабариња во Македонија.

На втората престава со наслов „Анастазија“, беше режирана од самата Софија која се појавува и како автор, во КИЦ Точка март 2005 година. Станува збор за дуо драма во кој игра исто така Петар Стојковиќ и станува збор за една жена која е по професија моден креатор, си го променува сопствениот пол и станува маж за да се ожени со жената во која се заљубува.

Теодор од 2006 го прави својот прв краток филм под наслов „Чекајќи те“ каде што се потпишува како сценарист и режисер. Филмот кој говори за љубов помеѓу две тинејџерки, а крајот е фатален. Во 2007та прави документарен Тв филм во траење од 26 минути каде што се појавува како сценарист,режисер, а филмот го разработува односот меѓу новинар, ѕвезда и менаџер. Филмот е со наслов „Јас и таа“.

Во 2008 се снима на идеја на Софија 25 минутниот филм „Јас мислам дека таа ме сака“, филм за интимен однос меѓу свекрва и снаа. Сценариото го пишува Ева Камчевска, режијата и продукцијата ја прави самата Теодор.

„Таа е сето тоа“ е краток филм кој се занимава со актуелната тема на изолацијата и отсуството на љубовта, кои многу често предизвикуваат фрустрации и екстремно однесување. Во овој филм Теодор го поставила акцентот на животот на една успешна жена во средни години која е склона кон самоповредување, кое сепак носи одредено чувство па макар и на болка.

Софија Теодор дипломираше во класата на Столе Попов на филмска и Тв режија на факултетот на Драмски ументости во Скопје и моментално е на магистарски студии по филмско и Тв сценарио кај проф.Сашко Насев на истиот факултет.

Софија најави дека работи на нов игран филм каде што сценариото го пишува Исидора Бјелица. Во меѓувреме ја подготвува магистерската која се очекува да ја одбрани до крајот на годината и за истата да сними долгометражен документарен филм.

Кариерата ќе ја продолжува во Србија, а за во иднина најави и заминување во Лос Анџелес заедно со нејзината продуцентка, каде што ќе ги продолжи докторските студии по продукција.

Објавено во петок, 17 јуни 2011 во 15:28, прочитано 1762 пати, објавил I.N.
Имиња:  ●  ● 
КОМЕНТАРИ
ПОЛИСА ЗА КОМЕНТАРИТЕ
Забрането е испраќање коментар кој што е незаконски, уценувачки, заканувачки, порнографски или било кој друг материјал што е против законот. Коментарот треба да биде во склоп со веста за која се дискутира и треба да е умерен и достоинствен према авторот или коментаторите. За содржината на коментарот одговорно е лицето што го испраќа и можните законски последици ги сноси истото. Кога ќе испратите коментар, Вие на ЖУРНАЛ му давате право но не и задолжување тој да биде објавен, искористен во печатеното издание по потреба, ре-објавен, лиценца за принтање, дистрибуирање, публикување и репродукција на истиот.

Напомена: Коментарите се испраќаат анонимно. ЖУРНАЛ не ги обврзува читателите со претходна регистрација на корисничко име и не врши нивна проверка. Поради тоа Ве молиме имајте во предвид дека имињата (псевдонимите) под кои читателите ги оставаат своите коментари се веројатно невистинити.
Име
Е-пошта
Коментар *
Код *
3155
 
Култура
Издадено дело на Матеја Матевски по повод 85-годишнина од раѓање
четврток, 30 јануари 2014  18:17
„Девојчето со кибритчињата“ награден на фестивал во Индија
среда, 29 јануари 2014  14:46
Марина Мијаковска добитничка на наградата "Македонска книжевна авангарда"
вторник, 28 јануари 2014  17:15
Детската балетска претстава „Доктор Офболи“ во МОБ
сабота, 25 јануари 2014  12:12
Седум години се снима филмска музика во Македонија за престижни филмски проекти
петок, 24 јануари 2014  16:10
Театарска премиера на „Бегалка“ во Кавадарци
четврток, 23 јануари 2014  09:13
„Напуштен град“ од Етернијан - песна на денот во САД
вторник, 21 јануари 2014  16:30
„Функционер“ го лапна бурето со 40 литри „Вевчанска керф“ од Стоби
недела, 19 јануари 2014  16:06
Јубилејна ревијална изложба на ДЛУМ
петок, 17 јануари 2014  17:48
Изедба на сценската кантата „Кармина Бурана“
петок, 17 јануари 2014  17:45
2009-2014 © ЖУРНАЛ МК - "Вести што треба да ги знаете"
Сите права се задржани.