Кликнете LIKE за да ја видите содржината

x

Кликнете LIKE за да ја видите содржината

x

       Impressum | Маркетинг | Контакт 
Македонија
Претставка до Народен правобранител од демонстрантите
Скопје, 14 јуни - Младината која веќе цела недела протестира за правда во врска со убиството на Мартин Нешковски поднесе претставка со барање за оставка на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и нејзиниот портпарол Иво Котевски.

„Пред Народниот правобранител на Република Македонија излеговме со барања кои беа заклучени на протестите против полициското насилство. Омбдусманот кажа дека сериозно ќе ги разгледа сите точки по доставената претставка, и во најскоро време би требало да се произнесат по истите. Верувам во сите кои нè поддржуваа на овој протест, ние и понатаму продолжуваме со протести сè додека не почне нешто да се менува, односно нема да запреме тука само со доставување на овие претставки и понатаму  до институциите, сè додека нема промени, додека не го почувствуваме тоа на своја кожа, дека во државава има промени“, изјави за медиумите Петар Стојковиќ, еден од демонстрантите.

Тие не сакаат да бидат обележувани со партиски етикети или поврзувани со некакви организирани здруженија.

„Бараме формирање на независно цивилно тело со вклучени независни експерти и заедно во соработка со институциите на системот за целосна контрола на единиците на МВР. Бараме нашите барања да бидат доследно чуени и одговорени бидејќи веќе седум дена по ред протестираме, и јавно ги повикуваме институциите да се произнесат. Сè уште остануваме на барањата за одговорност на сите инволвирани полицајци во случајот кои според изјавите биле присутни на местото на самиот инцидент. Бараме оставка од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и повикување на одговорност и оставка на лицето за односи со јавност при МВР, Иво Котевски“, рече Кирил Ефремовски, кој учествуваше за поднесување на претставката.

Тие најавија дека протестите продолжуваат, а за овој петок во 12 часот, најавуваат голем масовен протест на кој очекуваат присуство и на луѓе од градовите во внатрешноста.
Објавено во вторник, 14 јуни 2011 во 15:38, прочитано 796 пати, објавил I.N.
Имиња:  ●  ● 
КОМЕНТАРИ
ПОЛИСА ЗА КОМЕНТАРИТЕ
Забрането е испраќање коментар кој што е незаконски, уценувачки, заканувачки, порнографски или било кој друг материјал што е против законот. Коментарот треба да биде во склоп со веста за која се дискутира и треба да е умерен и достоинствен према авторот или коментаторите. За содржината на коментарот одговорно е лицето што го испраќа и можните законски последици ги сноси истото. Кога ќе испратите коментар, Вие на ЖУРНАЛ му давате право но не и задолжување тој да биде објавен, искористен во печатеното издание по потреба, ре-објавен, лиценца за принтање, дистрибуирање, публикување и репродукција на истиот.

Напомена: Коментарите се испраќаат анонимно. ЖУРНАЛ не ги обврзува читателите со претходна регистрација на корисничко име и не врши нивна проверка. Поради тоа Ве молиме имајте во предвид дека имињата (псевдонимите) под кои читателите ги оставаат своите коментари се веројатно невистинити.
Име
Е-пошта
Коментар *
Код *
2824
 
Македонија
Започна прославата во Крушево
петок, 01 август 2014  17:01
Фрај: Посетата на Нимиц не е рутинска, Германија може да помогне
петок, 01 август 2014  16:59
МАНУ и Сојузот на борците одбележаа 70 години од Првото заседание на АСНОМ
петок, 01 август 2014  16:57
Тројцата професори го прекинаа штрајкот со глад
петок, 01 август 2014  16:55
Иванов: Атина не придонесува за решавање на спорот
петок, 01 август 2014  16:52
Поставен камен-темелникот на технолошко-индустриската развојна зона Радовиш
петок, 01 август 2014  16:49
О Нил: Името мора да се реши во Генералното собрание на ОН
петок, 01 август 2014  16:45
Протестантите за „Монструм“ не стигнаа пред Владата
петок, 01 август 2014  16:43
Ристовски: Новата учебна година со нови и реконструирани училишта
сабота, 03 мај 2014  20:55
ДУИ: Не не зачудуваат ваквите обвинувања на ДПА
сабота, 03 мај 2014  20:53
2009-2014 © ЖУРНАЛ МК - "Вести што треба да ги знаете"
Сите права се задржани.