http://www.zurnal.mk/images/zurnal.jpghttp://www.zurnal.mk ЖУРНАЛ - вести што треба да ги знаете (Вести) http://www.zurnal.mk www.zurnal.mk mk-mk ANET SOLUTIONS. All right reserved. Monday, 18 May 2012 6:51:44 GMT 60 `А2` вечерва почнува да емитува програма! http://www.zurnal.mk/content.asp?id=20125189287 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=20125189287 http://www.zurnal.mk/data/news/a2.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=20125189287

Скопје, 18 мај - Според најавите  на социјалните мрежи од  новинари, дел од поранешната `А1`, од вечерва со почеток во 19 часот, ќе почне да се емитува програмата на `А2` телевизија која ќе биде од информативен карактер, објави „Плусинфо“.
 
Поголемиот дел од тимот е составен од поранешни видни новинарски имиња од згаснатата телевизија, а програмата се  збогатува.

Блокот со дебати и вести почнува од 19 часот, а дебатите ќе бидат тематски, ќе се емитуваат прилози и кратки вести. Се планира емитување и на серии.
 
Телевизијата ќе има и надворешни соработници кои се дел од тимот што ја изгради `А1`. Техничкиот кадар исто така е од поранешниот тим на `А1`.

]]>
Monday, 18 May 2012 9:28:00 GMT Zurnal.mk Вести
Матурантите по шести пат на квадрил http://www.zurnal.mk/content.asp?id=201251891817 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=201251891817 http://www.zurnal.mk/data/news/maturanti.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=201251891817

Скопје, 18 мај - Македонските матуранти денеска со играње квадрил по шести пат ќе се приклучат кон меѓународната манифестација „Матурска парада“, а годинава учествуваат матуранти од Скопје, Струга, Охрид, Ресен и Гевгелија и Струмица .
 
Во Скопје, матурантите тргнуваат  од Музејот на Град Скопје по што ќе продефилираат по улицата „Македонија“, а потоа преку улицата „Димитрија Чуповски“ ќе поминат низ портата „Македонија“ и ќе се упатат кон плоштадот „Македонија“ каде точно напладне ќе се одржи свечениот дел од манифестацијата.
 
Се очекува годинава да се приклучат од 2.000 до 2.500 матуранти од Скопје, Струга, Охрид, Ресен и Гевгелија и Струмица.
 
Манифестацијата ќе ја отвори градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, кој е покровител, по што ќе биде испратена порака за ненасилство, а традиционално се обраќа и евроамбасадорот во Македонија, оваа година тоа е Аиво Орав.
 
За време на одржувањето на манифестацијата сообраќајот во центарот на Скопје ќе биде времено пренасочен.
 
Македонија за првпат во 2007 година на иницијатива и во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и танцовиот клуб „Ритам плус“ и со поддршка од Град Скопје и Агенцијата за млади и спорт се приклучи кон оваа меѓународна манифестација.
 
Матурската парада е покрената во 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа „Уршка“ во Љубљана.

]]>
Monday, 18 May 2012 9:18:00 GMT Zurnal.mk Вести
Обид за убиство во Ѓорче http://www.zurnal.mk/content.asp?id=201251891247 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=201251891247 http://www.zurnal.mk/data/news/policija_stop_mvr_230_180_23.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=201251891247

Скопје, 18 мај - Двајца скопјани вчера вечер околу 20 часот со прострелни рани влегле во полициската станица во Ѓорче Петров во Скопје, да пријават обид за убиство врз нив.

Имено, дваесет и четири годишниот Даниел А. и Бојан Ј. вчеравечер со прострелни рани влегле во полициската станица во Ѓорче Петров, а според првичните полициски информации двете момчиња имаат рани од огнено оружје, едниот во пределот на градите, а другиот во ногата.
 
Во нив,, најверојатно во близина на полициската станица со пиштол пукал 21-годишниот Мирослав М. познат под името Миксер, по што веднаш избегал.
 
Полицијата  трага по сторителот. Засега не се познати мотивите за обидот за убиство. Повредените лица во безсознание со возила на Брза помош се пренесени во болница

]]>
Monday, 18 May 2012 9:12:00 GMT Zurnal.mk Вести
Доделување на наградите за најуспешни институции и личности според МАНУ http://www.zurnal.mk/content.asp?id=20125189837 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=20125189837 http://www.zurnal.mk/data/news/manu_zgrada__Small__817874498_1_1.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=20125189837

Скопје, 18 мај - Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и `Турксав` Фондацијата на писатели и уметници на туркофонијата-Анкара денеска организираат свечено доделување на наградите на туркофонијата „Најуспешни институции и личности во светот во 2011 година“.
 
Предвидено е да се обратат академик Владо Камбовски, претседател на МАНУ, Јахја Акенгин, претседател на Фондацијата на писатели и уметници на туркофонијата, турскиот амбасадор Гурол Сокменсуер, како и Трајко Вељановски, претседател на Собранието и неговиот турски колега Џемил Чичек.

]]>
Monday, 18 May 2012 9:08:00 GMT Zurnal.mk Вести
Владината делегација на бизнис форум во Хонг Конг http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012518936 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012518936 http://www.zurnal.mk/data/news/grujokina_2.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=2012518936

Хонг Конг, 18 мај - Денеска во Хонг Конг, владината делегација, предводена од премиерот Никола Груевски ќе ги презентира инвестициските можности на Република Македонија на бизнис форум, со што завршува неколкудневната посета на Кина.
 
Во рамки на посетата на Хонг Конг, премиерот Никола Груевски ќе оствари средба и со Доналд Цанг, извршен шеф на Специјалниот административен регион на Хонг Конг.
 
Владината делегација вчера на бизнис форум во Шангај ги претстави можностите за инвестирање во Македонија, а ја посети и имаше средби со менаџментот на компанијата „Хуавеј“, чиј делокруг на работа е информатичко-комуникациска технологија.
 
За време на бизнис-форумот во Ченгду во рамки на посетата на Кина изминатите денови беше направена презентација на македонските вина на голем број дистрибутери во Кина.
 
Еден од најголемите дистрибутери што има преку 600 продавници - дистрибутивни центри во земјата најави дека со сите девет винарии од Македонија ќе потпише договор за извоз на македонското вино од Македонија во Кина.
 
Во рамки на форумот беа остварени и состаноци со повеќе компании од областа на енергетиката, електро и градежната индустрија, недвижностите, како и транспортните системи. Сите се согласиле дека е доволно интересно да дојдат во Република Македонија и да ги продолжат разговорите за реализирање на некои од потенцијалните инвестиции кај нас.
 
Премиерот Никола Груевски во рамки на политичко-економска посета на Народна Република Кина се сретна и со својот колега, кинескиот премиер Вен Џиабао.
 
На средбата беше утврдено дека Кина е заинтересирана за проектот кој предвидува една технолошко-индустриска развојна зона во Македонија да им се даде на управување на кинески компании. Проектот од кинеска страна ќе се доразработи и доанализира по што ќе следат натамошни дискусии.

Груевски и Џиабао разменија мислења и за уште два крупни проекта, од областа на енергетиката и инфраструктурата

]]>
Monday, 18 May 2012 9:03:00 GMT Zurnal.mk Вести
Огромна статуа на Мерлин Монро во калифорниската пустина http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012517195253 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012517195253 http://www.zurnal.mk/data/news/monro01-reuter_f.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=2012517195253

Палм Спрингс, 17 мај - Џиновска статуа од филмската икона Мерлин Монро, стигна во палм Спрингс, калифорниската туристичка оаза, сместена во пустина 160 км источно од Лос Анѓелес, и за една недела ќе биде претставена на јавноста, јавува „АП“.

Според „Лос Анѓелес тајмс“, пак, 8,5 метарската статуа тешка 15,5 тони, стигнала во понеделникот на делови, од Чикаго, каде стоеше една година,

Скулптурата е дело на 80-годишниот Стујард Џонсон, еден од наследниците на „Џонсон и Џонсон“, и ја прикажува Монро во најпозната сцена од филмот „Седум години верност“, кога стои на вентилациски отвор и се обидува да го смири фустанчето.

Патувањето од Чикаго до палм Спрингс траело една недела, а чини 40.000 долари, додека официјалното отворање во Палм Спрингсќе биде на 24 мај.

]]>
Monday, 17 May 2012 19:52:00 GMT Zurnal.mk Вести
Сопругата на Роберт Кенеди помладиот, пронајдена мртва http://www.zurnal.mk/content.asp?id=201251719401 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=201251719401 http://www.zurnal.mk/data/news/mary_kennedy_605_ap_1.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=201251719401

Њујорк, 17 мај - Мери Кенеди (52), втората сопруга на Роберт Кенеди помладиот, е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Бедфорд, Њујорк, а локалните медиуми јавуваат дека извршила самоубиство со бесење.

Смртта на Мери Кенеди ја потврди и нејзиното семејство.

Роберт Кенеди помладиот (58) е син на Боби Кенеди кој беше убиен во 1968 година во Лос Анџелес и внук на Џон Ф. Кенеди врз кого беше извршен атентат во Далас, во 1963 година.

Мери и Роберт Кенеди помладиот по 16 години поминати во брак почнале бракоразводна постапка која до моментот на нејзината смрт не била завршена, а имаат четири деца.

Мери Кенеди, која  е  архитект, има долга историја на зависност од дроги и алкохол, а  два пати била приведувана поради управување со автомобил во алкохолизирана состојба.

Роберт Кенеди помладиот е адвокат специјализиран за прашања со човековата околина и радио водител.

]]>
Monday, 17 May 2012 19:40:00 GMT Zurnal.mk Вести
Условни, затворски казни, но и слобода за инцидентите во автобусите на ЈСП http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012517193529 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012517193529 http://www.zurnal.mk/data/news/jsp_1.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=2012517193529

Скопје, 17 мај - Насилниците кои во март тепаа и кршеа по автобусите на ЈСП, а дел од нив дивееја и по скопските улицидобиле условни, но и неколкумесечни затворски казни, а има и ослободени, но главно тоа се малолетници, јави „Канал 5“..

Од ослободителни и условни до затворски казни под една година за мартовските насилства по автобусите и по улиците. Од информациите од Кривичниот суд и Обвинителството може да се забележи дека младите луѓе кои сееја страв низ метрополата минале со поблаги санкции.
 
Десет месеци затвор добил 23 - годишниот Фуат кој се товареше дека го нападнал старецот во близина на железниот пешачки мост во скопската населба Ѓорче Петров. Од групата која со бејзбол палки клоци и камења удирала по случајно избраната жртва беше фатен само тој.
 
За инцидентот во автобусот со број 65 - од тројца кои добија кривични за насилство 19 - годишникот Јашир добил затворска казна од 3 месеци, за 21 годишниот Нехат е повлечено обвинението поради недостаток на докази, а за малолетникот е одредена мерка засилен надзор. Тројцата беа уапсени под сомнение дека во 65-ка кај Автокоманда без причина со клоци и тупаници нападнале 19 - годишно момче.
 
Условни казни добиле двајцата полнолетни кои одговараа за насилство во автобусот 58. 19 - годишниот Бобан и 18 - годишниот Марко беа уапсени заедно со петмина малолетници затоа што во автобусот со боксови, но и со дрвени и метални предмети го нападнале возачот и уште неколкумина патници.
 
Се уште нема судска разврска за петтемина кои нападнаа три момчиња пред интернет кафе во Дебар Маало.
 
Полицијата кон средината на март поднесе кривични пријави за 28 лица од различен етнички состав. Најмалиот има само 11 години.
 
Два месеца по низата инциденти кои го стресоа градот, во најголем дел се донесени првостепени судски пресуди. Пресудите според висината се воспитни.
 
Кривичниот суд донел пресуда и за инцидентот во автобусот 74 кој се случи во декември. Шестемина обвинети добиле условни пресуди. Во пресметката меѓу две групи, две момчиња добија убодни рани, а 14 -годишно девојче беше повредено од огнено оружје.
 

 

]]>
Monday, 17 May 2012 19:35:00 GMT Zurnal.mk Вести
Протести во пресрет на самитот на НАТО http://www.zurnal.mk/content.asp?id=201251719282 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=201251719282 http://www.zurnal.mk/data/news/NATO-Chicago-Summit-Logo.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=201251719282

Чикаго, 17 март - Пред самитот на НАТО, што треба овој викенд  да се одржи во Чикаго, илјадници демонстранти се подготвуваат да организираат протести, а градските власти се подготвуваат во случај да дојде до нереди, пренесуваат светските агнеции.

Најголем дел од демонстрантите ќе побараат веднаш да се прекине со давањето пари за воени цели и нивно пренасочување за обнова на заедниците погодени со рецесијата, а се очекува да побараат и воведување на таканаречен „Робин Худ“ данок, со кој би се оданочувале трансакциите на Волстрит.

Меѓу главни организатори на протестите се движењето „Да го окупираме Чикаго“, хакерските групи „Анонимни“ и Адбастерс“, како и групата „Клаун Бок“, чии членови ќе бидат маскирани во посебни костими.

НАТО самитот се одржува на 20 и 21 мај, а самитот Г8 на најразвиените држави во светот, кој требаше исто така да се одржи во Чикаго, преместен е во Кемп Дејвид.

Самитот ќе го обезбедуваат најмалку 3.100 полицајци , а според проценките се очекува да има околу 10.000 демонстранти.

]]>
Monday, 17 May 2012 19:28:00 GMT Zurnal.mk Вести
Новиот бран потопи повеќе директори http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012517191659 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012517191659 http://www.zurnal.mk/data/news/_3631.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=2012517191659

Скопје, 17 мај  - Новиот бран на ВМРО – ДПМНЕ зафати повеќе раководни места во Агенцијата за вработување и Центарот за социјални работи, институции што се под ингеренции на Министерството за труд и социјална политика.

Според извори на МИА од владејачката партија, од раководните позиции на центрите за вработување се повлекуваат Васко Ангелов во Кочани, Милан Ангеловски во Крива Паланка, Ангел Ѓорѓиев во Велес, Сашко Јанев во Неготино, Ванчо Златев во Пробиштип, Силвана Костоска во Ресен и Христина Смилевска во Делчево.
 
Промени во директорскиот кадар има и во неколку меѓуопштински центри за социјални работи и тоа во Скопје каде од раководната позиција се повлекува Крсте Маљановски, од кочанскиот центар си оди Марика Иванова, од центарот во Валандово заминува Елка Калова, гевгелискиот центар го напушта Стана Петрова, а од меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Неготино директорската функција ја напушта Даница Јованова.

Од министерството за труд и социјална политика ги потврдуваат промените кај овие раководни кадри, при што посочуваат дека се цени нивниот досегашен придонес во спроведувањето на политиките на Министерството, но додаваат дека од новите кадри што ќе се изберат се очекува поинтензивно спроведување на мерките и активностите кои се насочени во делот на поддршка на пазарот на трудот, како и во сферата на социјалната заштита.

Покрај овие промени, од ВМРО-ДПМНЕ за МИА потврдуваат дека новиот бран зафати и некои други институции. Од позицијата технички директор во ЈП Стрежево во Битола заминува Златко Спировски, потоа од директорската позиција на ЈП за водостопанство Лисиче во Велес си оди Ацо Петров, а позицијата ја напушта и досегашниот директор на Капетанијата во Охрид Љупчо Настоски.

Промени има и во ЕЛЕМ каде што Владимир Огњановски повеќе нема да ја извршува функцијата директор за правни работи, а од позицијата директор на ЕЛЕМ Топлификација ДООЕЛ Новаци заминува Гоце Николовски, кој претходно ја извршуваше функцијата директор за производство во РЕК Битола. 

Од ВМРО-ДПМНЕ изјавуваат дека промените ќе продолжат и во следните денови, а се споменуваат органите и подрачните единици во неколку министерства и институции, земјоделство, катастарот, македонски шуми итн.. Во тек се одвива и продолжениот мониторинг за повеќе десетици лица за кои финална проценка ќе се донесе во септември.

]]>
Monday, 17 May 2012 19:16:00 GMT Zurnal.mk Вести
Грција договорила вето за Македонија на самитот во Чикаго http://www.zurnal.mk/content.asp?id=20125171995 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=20125171995 http://www.zurnal.mk/data/news/papuljaslideri.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=20125171995

Атина 17 мај - Лидерите на грчките политички партии и претседателот Каролос Папуљас, на една од средбите посветена на формирањето нова грчка влада, се согласиле дека Грција мора да стави вето на приемот на Република Македонија во НАТО на Самитот во Чикаго.

Според транскриптите што ги објави кабинетот на претседателот Папуљас,  водачите на грчките партии оценуваат дека приемот на Македонија не е на агендата на Самитот, но доколку се направи обид ова прашање да биде поставено, тогаш грчките претставници треба да стават вето.

„Господине претседател, ние би сакале да биде јасна насоката на справување со прашањето што може да произлезе за влез на Скопје со името „Македонија“ на Самитот на НАТО во Чикаго. Би сакале да го искажеме мислењето, од овој процес, да биде ставено дури и вето на можноста за влез на Поранешната Југословенска Република Македонија со името „Македонија“ во НАТО3, побарал Панајотис Каменос на средбата.

Со ова се согласил лидерот на социјалистичката ПАСОК Евангелос Венизелос, како и  дека партиските лидери треба да се согласат грчките претставници во Чикаго да стават вето на македонскиот прием, а потоа ги убедува другите присутни дека ова прашање не е поставено на агендата на самитот.

„Нашите аргументи треба да бидат попаметни од аргументите што беа приложени во 2008 година. Треба да ги зацврстиме нашите аргументи на еден начин што е, така да кажам, повешт и поинтелегентен“, рекол Венизелос.

Алексис Ципрас, лидерот на левичарската коалиција Сириза, потоа лидерката на комунистите Александра Папарига и лидерот на Демократската левица Фотис Кувелис оцениле дека приемот на Македонија не е на агендата во Чикаго. Папарига вели дека доколку ова прашање се постави, грчкиот претставник во Чикаго треба да стави вето на дискусијата, бидејќи не постои официјална грчка влада.

Заклучок за Македонија ставил Антонис Самарас, лидерот на Нова Демократија. На прашањето дали е можно изненадување во Чикаго и поставување на прашањето за Македонија, Самарас изјавил: „Во случај на изненадување, секако треба да постои вето во тој момент. За тоа не ни разговараме“.
 
Преговорите за состав на нова грчка политичка или техничка Влада завршија со неуспех, по што беше формирана времена Влада предводена од Панајотис Пикраменос. Петрос Моливијатис, кој беше министер за надворешни работи во мандатот на Костас Караманлис, е повторно именуван на оваа функција во времената Влада чија главна задача е да го организира спроведувањето на новите предвремени избори.
 
Водачот на грчките неонацисти побарал од Папуљас да гарантира вето за Македонија
 
Транскриптите што ги објави Кабинетот на грчкиот претседател Каролос Папуљас покажуваат дека Македонија била тема на разговор и на средбата на Папуљас со лидерот на неонацистичката партија Златна Зора Никос Михалолиакос во неделата.
 
Михалолиакос на средбата со претседателот Папуљас изјавил дека за неговата партија е неприфатливо Македонија да добие покана за членство на Самитот во Чикаго. Ако се формира привремена грчка влада, Михалолиакос побарал таа да го одржи ветото за прием кое Владата на Костас Караманлис го стави на Самитот во Букурешт. Михалолиакос бара од претседателот Папуљас да се заложи со својот авторитет да не се случи некоја од другите грчки партии да земат поблаг став кон Македонија. Папуљас на овие барања на водачот на грчките неонацисти одговара потврдно.
 
Иако Грција тврди дека не ставила вето за Македонија, туку сите држави членки на НАТО во Букурешт се согласиле дека поканата за Македонија треба да се услови со решавање на спорот за името, Михалолиакос според транскриптот јасно го употребува зборот „вето”.

 

]]>
Monday, 17 May 2012 19:09:00 GMT Zurnal.mk Вести
Кинезите да дојдат во Македонија да се уверат во можностите за инвестирање http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012517185926 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012517185926 http://www.zurnal.mk/data/news/grujo-sangaj.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=2012517185926

Шангај, 17 мај - На бизнис форумот во кинескиот град Шангај, кој има 22 милиониители и  чиј економски раст за минатата година е 8 отсто, а каде се  развиени сите индустриски гранки, премиерот Никола груевски денеска имаше можност заедно со вицепремиерот  задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, министерот за странски инвестиции, Веле Самак, и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида, да ги покани кинеските инвеститори во Македонија, да оценат дека е добро место за инвестиции.

Претседателот на Владата, Груевски се заблагодари  на Стопанската комора на Шангај за организацијата на настанот, на кој присуствуваа претставници на над 150 кинески компании, во своето обраќање ги истакна поволностите кои Македонија ги нуди за реализација на инвестиции и бизниси, акцентирајќи ги најнискиот даночен пакет во Европа и ниските трошоци за работа.

„Македонија има најнизок даночен пакет во Европа, а вкупните трошоци за реализацијата на бизнисот се многу ниски. Поседуваме квалификувана и образувана работна сила која може да придонесе во бизнис резултатите на вашите компании“,рече Груевски.
 
Груевски ги повика кинеските бизнисмени да ја посетат Македонија и да се уверат на лице место во поволностите кои Македонија ги нуди на компаниите, додавајќи дека Владата секогаш ќе биде расположена да излезе во пресрет на инвеститорите и да даде поддршка на нивните интереси.

На форумот се обрати и  Чен Фуронг, претседател на Стопанската комора на Шангај, кој ја истакна својата поддршка на интензивирањето на контактите на компаниите од Шангај со Македонија.

„Република Македонија, која е лоцирана во централниот дел на Балканот, отсекогаш претставувала значаен канал за трговија и поседува значајни минерални суровини. Ние активно ќе ги охрабруваме кинеските и шангајските компании и индивидуалци да инвестираат во Македонија. Шангај со својата развиена индустрија, трговија и услужни дејности, може да и помогне на Македонија во многу области. И сега има кинески компании кои имаат инвестиции во Македонија и постигнуваат голем успех“, рече  Фуронг.

Вицепремиерот Владимир Пешевски во својата презентација се осврна на макроекономските индикатори кои нудат добра перспектива за предвидливо и стабилно опкружување, со што постои амбиент инвестициите кои би биле реализирани да бидат доходовни и исплатливи.

Министерот Веле Самак ги акцентираше проектите за развој на туристичко-угостителските зони, а ги презентираше и можностите за инвестиции во автомобилската, фармацевтската и прехранбената индустрија.

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида детално ги елаборираше поволностите на индустриските зони, даночните ослободувања за компаниите во нив и поддршката на државата во инвестицијата преку учество во изградбата на капацитетите и инфраструктурно инвестирање за потребите на компаниите.

Владината делегација, од Шангај заминува за Хонг Конг, каде што во текот на утрешниот ден ќе присуствува на бизнис форум во градот.

Претходно, тие ја посетија и се сретна и со менаџерскиот тим на компанијата „Хуавеј“, која се занимава со информатичко-комуникациска технологија.

На средбата биле разменети мислења за опциите за конкретна соработка и биле презентирани поволностите за инвестиции во нашата земја.

Соговорниците се согласиле да  направи проект и анализа за можноста за отворање на формално претставништво, или друг вид на присуство на „Хуавеј“ во Македонија, со што би се создале можности за понатамошно конкретизирање на соработката и развој на односите. 
 

]]>
Monday, 17 May 2012 18:59:00 GMT Zurnal.mk Вести
Македонија има стабилен кредитен рејтинг http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012517185445 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012517185445 http://www.zurnal.mk/data/news/Standard-and-Poor_0.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=2012517185445

Њујорк, 17 мај - Потврден е  кредитниот рејтинг на Македонија за странска и за домашна валута на стабилен ББ/Б со добри перспективи за во иднина, според кредитната рејтинг агенција `Standard&Poor’s`.

Потврдата на оценката за кредитниот рејтинг, како што соопшти денеска Министерството за финансии, се случува во услови кога кредитната рејтинг агенција `Standard&Poor’s` ги намали оценките за повеќе земји во регионов и Европа, како Словенија, Франција, Италија, Португалија, Австрија, Кипар, Словачка и Шпанија.
 
Од `Standard&Poor’s` сметаат дека  потврдата на рејтингот се должи на поволната фискална политика и на ниската задолженост, како и на изгледите за евентуално пристапување кон Европската унија, што претставува стожер за спроведување на реформите.
 
„Со задоволство можеме да кажеме дека ова е уште еден силен сигнал кон странските инвеститори дека Македонија е земја во која имаат доверба и во која и во иднина може да сметаат дека ќе има здрави економски политики“, стои во соопштението од Министерството за финансии.

]]>
Monday, 17 May 2012 18:54:00 GMT Zurnal.mk Вести
Претседателот на турското собрание во посета на Македонија http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012517114847 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012517114847 http://www.zurnal.mk/data/news/Cemil_Cicek_071210.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=2012517114847

Скопје, 17 мај - Претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Џемил Чичек денеска престојува во посета на Република Македонија, при што ќе се сретне со  претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, а ќе биде примен и од македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
 
Предвидено е претседателот на Големото национално собрание на Република Турција да има обраќање пред македонските пратеници.
 
Чичек ќе има средба и со претседателот и членовите на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Турција.

]]>
Monday, 17 May 2012 11:48:00 GMT Zurnal.mk Вести
„BBC“ во потрага по чудовиштето од Преспанско Езеро http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012517114226 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012517114226 http://www.zurnal.mk/data/news/prespa1_jpg-500.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=2012517114226

Ресен, 17 мај - Британскиот телевизиски канал „BBC“ направи репортажа на грчката страна од Преспанското езеро, истражувајќи дали и таму има езерско чудовиште, како она во Лох Нес.

Репортажата почанала по фотографијата на анонимна двојка кои се фотографирале крај езерото, а зад нив се гледа нешто што наликува на животно со долг врат.

Рибарите велат дека  кога одат да ловат риба и кога ќе се качат повисоко на околните планини, гледаат големи сенки во езерото, а репортерката прашува дали некој се потрудил да докаже дека можеби станува збор за јато риби.

„Не, езерото е многу длабоко. Не може да одиме да истражуваме. Ова чудовиште не е толку познато како чудовиштето од Лох Нес. Никој не се потруди да ги потврди гласините“, вели еден од рибарите.
 

Репортажата изобилува со рибраски приказни, за чувство дека некој ги следи додека ловат, за големи сенки во езерото, за легенди, а дали постои Неси во Преспанско Езеро или не, допрва ќе слушнеме.

]]>
Monday, 17 May 2012 11:42:00 GMT Zurnal.mk Вести
Супербрeнд признанија за 43 македонски компании http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012517113220 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012517113220 http://www.zurnal.mk/data/news/superbrend.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=2012517113220

Скопје, 17 мај  - На четириесет и три компании од Македонија вчеравечер им беа доделени Супербрeнд признанијата за 2011/2012 година, а секој  од 43-те бренда во својата категорија беше избран по пат на гласање од страна на стручно жити и од самите потрошувачи.
 
„Брендот на една компанија е како репутација на еден човек, а репутацијата се заработува со макотрпни обиди да се направи нешто добро. Лично сметам дека во 21 век брендирањето ја носи најголемата долгорочно конкурентна предност за една компанија без разлика дали создава производи или дава услуги“, рече министерот за економија Ваљон Сараќини.

Зоран Саздовски од „Супербренд Македонија“ рече дека кога ќе се спомне името на избраните брендови кај крајните потрошувачи секогаш се предизвикува чувство на сигурност и квалитет.

„Тоа се брендови кои се различни од својата конкуренција и кај сите нас будат некои емоции“, рече Саздовски, а со добивањето на признанијата „Супербренд“ компаниите имаат можност да го користат заштитниот знак на овој глобален авторитет за брендови.
 
„Тој претставува моќна маркетиншка  и продажна алатка бидејќи граѓаните полесно се одлучуваат да купат или користат услуга од компанија која го користи знакот на „Супербренд“. Присуството на организацијата во повеќе од 90 земји ширум светот отвара можност за сите брендови кои имаат извозни амбиции“, рече Саздовски.

Изборот на 43-компании добитници на Супербренд признанијата е извршен од околу 1.000 брендови поделени во 25 категории. Тие се од различни дејности - банкарство, здравство, производство на вино, млечни производи, пијалоци, храна, мебел, продукциски куќи, интернет портали, медиумски куќи, ИТ компании, фирми за едукација, стоматологија, фармација, бела техника...

]]>
Monday, 17 May 2012 11:32:00 GMT Zurnal.mk Вести
Грција доби службена влада, Панајотис Пикраменос премиер http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012517112824 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012517112824 http://www.zurnal.mk/data/news/panajotis.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=2012517112824

Aтина, 17 мај  -  Панајотис Пикраменос формира службена влада на Грција, која ќе ја води земјата до новите парламентарни избори на 17 јуни.

Во новат аслужбена влада министер за надворешни работи ќе биде 83-годишниот дипломат Петрос Моливиjатис. Како министер за финансии е избран Јоргос Заниас, додека министер за одбрана Франгос Франгулис.

Владата брои 16 министри без премиерот, а нема заменик-министри. Поголем дел од министрите се поранешни раководители на сектори, вработени во судството и универзитетски професори, кои се слабо познати на пошироката јавност.
 
Според грчкиот Устав, службената влада има единствена цел да обезбеди спроведување на предвремени парламентарни избори, кои е предвидено да се одржат на 17 јуни. Таа не може да донесува закони, ниту да презема било какви обврски пред меѓународните партнери и организации.

Министрите положија заклетва денеска во 10 часот по локално време.

]]>
Monday, 17 May 2012 11:28:00 GMT Zurnal.mk Вести
Можностите за инвестирање во Македонија ќе се претстават во Шангај http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012517112132 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012517112132 http://www.zurnal.mk/data/news/grujosangaj_1.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=2012517112132

Скопје, 17 мај - Македонската владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски,  во склоп на  неколкудневна посета на Кина, денеска на бизнис форум во Шангај, ќе ги претстави можностите за инвестирање во Македонија, каде ќе учествува на бизнис форумот, но и ќе ја посети и ќе има средби со менаџментот на компанијата „Хуавеј“, која се занимава со производство и продажба на информатичко-комуникациска технологија.
 
Шангај има континуиран годишен економски раст, кој минатата година изнесуваше осум проценти, а минатата година, Македонија и Шангај ја зголемија економската соработка за 40 проценти.
 
Посетата на Народна Република Кина владината делегација ја завршува утре со презентација на инвестициските можности на Република Македонија на бизнис форумот во Хонг Конг. Во рамките на посетата на Хонг Конг, премиерот Груевски ќе оствари средба со Доналд Цанг, извршен шеф на Специјалниот административен регион на Хонг Конг.
 
Вчера за време на бизнис-форумот во  Ченгду беше направена презентација на македонските вина на голем број дистрибутери во Кина, при што еден од најголемите од нив што има преку 600 продавници - дистрибутивни центри во Кина најави дека со сите девет винарии од Македонија ќе потпише договор за извоз на македонското вино од Македонија во Кина.
 
Фу Сјуе Ју, претседател на кинеска дистрибутивна винска компанија која за потребите на Кина увезува вино од целиот свет и која има повеќе од 600 дистрибутивни единици, на презентација и дегустација во рамки на бизнис форумот во Ченгду, изразил особено задоволство од квалитетот на македонските вина и покажал сериозен интерес за продлабочување на соработката со македонските компании.


 

]]>
Monday, 17 May 2012 11:21:00 GMT Zurnal.mk Вести
Меркел и Оланд со став да и се помогне на Грција http://www.zurnal.mk/content.asp?id=201251620529 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=201251620529 http://www.zurnal.mk/data/news/merkel-oland.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=201251620529

Берлин, 16 мај - Германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд се согласија дека на Грција треба  да и се помогне да  остане во еврозоната.

На првата средба по инаугурацијата на Оланд за претседател на Франција, тие признаа дека имаат меѓусебни разлики по прашањата за мерките за поттикнување на економскиот раст во Европа. 

Оланд во Берлин допатува по само неколку часа откако ја презеде должноста шеф на француската Република.

Меркел и Оланд се подготвени да се разгледаат дополнителни мерки за помош на Грција. Канцеларката смета  дека Франција и Германија се свесни за одговорноста која ја имаат за развој на Европа. Оланд истакна дека сака рамнотежа во односите Париз - Берлин и взаемно почитување.

]]>
Monday, 16 May 2012 20:52:00 GMT Zurnal.mk Вести
Петкратното убиство ќе се реши на суд http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012516203742 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012516203742 http://www.zurnal.mk/data/news/blerim_2.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=2012516203742

Скопје, 16 мај - Министерот за правда Блерим Беџети го осуди  петкратното грозоморно убиство, но не се сомнева дека правдата ќе излезе на виделина низ судскиот процес.
 
Тој изрази сочувство за семејствата и побара казна за сторителите. За него со судска постапка треба да се разјаснат сите дилеми околу грозоморниот чин.
 
„Како човек и како министер за правда го осудувам овој чин и убеден сум дека во судска постапка без никакво двоумење треба да се разјаснат сите дилеми кои се појавија“, рече Беџети.
 
Јавниот обвинител Шврговски вчера рече дека се обезбедени докази дека уапсените се извршители на убиството.

]]>
Monday, 16 May 2012 20:37:00 GMT Zurnal.mk Вести
„Сведмилк“ продадена на „Балканска млекара“ http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012516203113 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012516203113 http://www.zurnal.mk/data/news/svedmilk_1.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=2012516203113

Скопје, 16 мај - Собранието на доверители, денеска донесе одлука имотот во стечајна маса на млекарницата „Сведмилк“ да го продадат на „Балканска Млекара“ ДООЕЛ Скопје, чиј основач е една од најголемите турски компании во млечниот бизнис, „Суташ“, а со претходно откупеното заложното право на заложниот имот од НЛБ „Тутунска Банка3, Балканска Млекара стана сопственик на целокупниот имот на Сведмилк.
 
Како што соопшти Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, за побрзо рестартирање на производството на фабриката, кое според планот треба да се случи набрзо, денеска во Македонија пристигнал и  стручен тим кој ќе работи на подготовките.
 
Покрај преземањето на млекарницата, од компанијата најавуваат и дополнителни инвестиции во изградба на нови погони и капацитети, како и отворање на погон за производство на сточна храна.

Компанијата планира и проширување со откуп на некои од постоечките земјоделски капацитети, како и договори со фармери кооперанти.
 
Од компанијата најавија доаѓање на висок претставник на „Суташ“ во Македонија наскоро, при што на прес - конференција ќе ги презентира нивните планови.
 

]]>
Monday, 16 May 2012 20:31:00 GMT Zurnal.mk Вести
Почнува Канскиот фестивал http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012516202548 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012516202548 http://www.zurnal.mk/data/news/kan_1.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=2012516202548

Кан, 16 мај - По 65. пат вечерва ќе биде отворен Меѓународниот филмски фестивал во Кан, а публиката, освен 91 остварување од 30 земји, ќе може да ужива и гледајќи ги големиот број ѕвезди.
 
Никол Кидман, Бред Пит, Зак Ефрон, двете најголеми тинејџерски ѕвезди, Роберт Патинсон и Кристен Стјуарт, Кајли Миног и Марион Котијар, која првпат ќе се натпреварува со филмот „De Rouille et d'os“ (’Рѓа и коски) на Жак Одијар, ќе прошетаат по црвениот килим и ќе се качат на познатите скали под портретот на „најплатинестата“ блондинка на светот, Мерилин Монро, чија фотографија е избрана за официјален плакат на фестивалот.
 
Фестивалот вечерва ќе го отвори драмата на Вес Андерсон „Moonrise Kingdom“, со Брус Вилис, Тилда Свинтон и Харви Кајтел, а на 27 мај ќе го затвори последниот филм на неодамна починатиот Клод Милер, „Тереза Дескејру“ со Одри Тату.
 
На овогодинешниот фестивал забележливо е присуството на латиноамериканската кинематиграфија, додека од Азија има доста помалку остварувања.

Љубителите на филмот со особено нетрпение очекуваат да го видат „На патот“ (On the Road), адаптација на романот на Џек Керуак во режија на Бразилецот Валтер Салеш со Кристен Стјуарт, Виг Мортенсен и Кирстер Данст во главните улоги.
 
Кан дочекува и неколку поранешни добитници на „Златната палма“. Германецот Михаел Ханеке ќе се претстави со филмот „Љубов“ во кој главна улога толкуваат Изабел Ипер и Жан-Луј Трентијан, Британецот Кен Лоуч ќе го прикаже „The Angel’s Share“, a Романецот Кристијан Мунгију „Beyond the Hills“.
 
Во натпреварувачкиот дел на програмата е и Дејвид Кроненберг со „Космполис“, а од домашните режисери покрај Одијар, тука се Леос Каракс со „Holy Motors“ и Ален Рене со филмот „Уште ништо не сте виделе“, своевиден кинематографски тестамент на 90-годишниот синеаст.
 
Од холивудските остварувања, публиката во Кан ќе може да го види и третиот дел на анимираниот филм „Мадагаскар“, филмот на Филип Кауфман „Хемингвеј и Гелхорн“ и новото остваување на Бернардо Бертолучи „Јас и ти“.
 
Од познатите личности на фестивалот ќе се појави и Шон Пен, но не за да претстави филм, туку за да собере средства за својата фондација која им помага на жителите на Хаити по разорниот земјотрес во јануари 2010 година.

Дури три македонски филмови ќе бидат прикажани на канскиот фестивал годинава, и тоа „Жената што си ги избриша солзите“ во режија на Теона Стругар Митевска, „Балканот не е мртов“ во режија на Александар Поповски и „Трето полувреме“ во режија на Дарко Митревски.

]]>
Monday, 16 May 2012 20:25:00 GMT Zurnal.mk Вести
Продолжен рокот за проектот „Купи куќа, купи стан“ http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012516202027 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012516202027 http://www.zurnal.mk/data/news/stan.pnghttp://zurnal.mk/content.asp?id=2012516202027

Скопје, 16 мај  – Рокот за барања за субвенциониран станбен кредит преку проектот „Купи куќа купи стан“ се продолжува до 31 октомври 2012 година,  а целта е да им се излезе во пресрет на граѓаните и градежниците, кои изразија голем интерес за овој проект, соопшти Министерството за финансии.

До крајот на годината ќе се објават уште четири јавни повици на кои заинтересираните граѓани ќе може да поднесат апликација кај деловните банки, а првиот од нив ќе биде од 1 јуни до 15 јули.

Вториот е од 16 јули до 31 август, третиот од 1 септември до 30 септември и четвртиот од 1 октомври до 31 октомври. 

Деловните банки и Министерството за финансии како и досега по истекот на секој јавен повик ќе одлучуваат по барањата на граѓаните, со цел побргу да се реализира купопродажбата.

Проектот почна на 25 јануари 2012 година, а крајниот рок беше до 31 мај.  Досега беа објавени четири јавни повика, а  доделени 50 се субвенционирани кредити.
 
Барањата може да се поднесуваат до НЛБ Тутунска банка, Стопанска банка - Скопје, Охридска банка, Шпаркасе, Прокредит банка, Алфа банка, ТТК банка и Стопанска банка - Битола. Услов за учество во проектот е барателите на кредитот да немаат примања поголеми од 900 евра месечно, цената на недвижноста да не биде над 900 евра метар квадратен, а кредитот да не надминува 50.000 евра.
 
Граѓаните може да изберат меѓу двата модела. Првиот е половина рата и тој дава шанса Владата пет години да отплаќа половина од месечната рата од станбениот кредит на граѓаните. Вториот модел е половина учество, Владата ќе плаќа половина од учеството за да се добие станбен кредит. И кај двата модели каматната стапка е повластена, односно значително помала од пазарната. Во случајот на моделот половина рата каматната стапка што е 4,99 отсто во првите три години, односно 5,5 отсто во четвртата и петтата година. Кај вториот модел каматната стапка е еуролибор плус 4,5 отсто и таа ќе биде за цело време на проектот.

]]>
Monday, 16 May 2012 20:20:00 GMT Zurnal.mk Вести
Турција со поддршка за Македонија пред самитот во Чикаго http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012516201441 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012516201441 http://www.zurnal.mk/data/news/gjulpoposki.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=2012516201441

Анкара, 16 мај - Никола Попоски, министерот за надворешни работи, денеска  на вториот ден од посетта на Република Турција се сретна со турскиот претседател Абдулах Ѓул, со министерот за европски прашања во турската Влада Егемен Багиш, како и со претседателот на Комисијата за надворешни работи во Големото народно собрание Волкан Боздаг, соопшти Министерството за надворешни работи.
 
На средбата со турскиот претседател било изразено задоволството од високото ниво на севкупните политички односи меѓу двете земји.
 
„Претседателот Ѓул особено се осврна на претстојниот самит на НАТО во Чикаго, истакнувајќи ја целосната поддршка што Република Турција ја има кон интеграцијата на Република Македонија во НАТО и го повтори решителниот став дека е потребно таа што поскоро да стане полноправен член на НАТО, за што лично ќе се заложи и на престојниот самит во Чикаго“, се вели во соопштението од МНР.
 
Министерот Попоски го нагласил значењето на традиционално добрите односи и поддршката изразена во повеќе сфери од заеднички интерес, која секогаш може да се зголеми.
 
„Тој потенцираше дека има значаен простор за зголемување на нивото на соработка, посебно на економски план, како од аспект на инвестирање во Република Македонија на заинтересирани турски инвеститори, така и за отворање на турскиот пазар за македонски производи, што сигурно ќе придонесе за поголема трговска размена меѓу двете земји“, се вели во соопштението.
 
На средбата со министерот за европски прашања Багиш биле разменети мислења и искуства во однос на европските интегративни процеси, што. како што било истакнато, претставува надворешно-политички приоритет и на двете земји.

Двете земји се подготвени за потпишување Договор за соработка  во контекст на европските интегративни процеси.

На средбата со Претседателот на Комисијата за надворешни работи во Големото народно собрание на Република Турција, Волкан Боздаг, се разговарало за плодната и одлична билатерална соработка меѓу парламентите на двете земји.
 
Министерот Попоски денеска одржа и предавање на Институтот за економски и политички истражувања - ТЕПАВ. Притоа, фокусот го наочил кон потребата од интензивирање и зајакнување на регионалната соработка, кон реализирање на проектите од регионално значење, соработката во рамките на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, како и за  европските и евроинтегративните процеси на Република Македонија.

]]>
Monday, 16 May 2012 20:14:00 GMT Zurnal.mk Вести
СДСМ ќе пишува програма заедно со граѓаните за локалните избори http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012516145314 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012516145314 http://www.zurnal.mk/data/news/andrejpetrov_5.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=2012516145314

Скопје, 16 мај - Опозициската СДСМ, за претстојните локални избори ќе ја пишува својата програма заедно со граѓаните, одлучи Централниот одбор на оваа партија.

„На вчерашната седница на Централниот одбор на СДСМ, главна тема беа претстојните локални избори и активностите на партијата во следниот период. Членовите едногласно го усвоија Правилникот за утврдување на кандидати за градоначалници и советници на СДСМ“, речена денешната прес-конференција го изјави генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров.

Партијата, програмата за локалните избори 2013 година ќе ја пишува заедно со граѓаните, а таа ќе произлезе од средбите со нив.
 
„По вчерашната седница на Централниот одбор и формално почнува процесот на утврдување и промовирање на нашите кандидати за градоначалници, цели 10 месеци пред изборите. Во оваа демократска постапка, се отвораат вратите за сите кои сакаат да се натпреваруваат да бидат кандидати на СДСМ за локалните избори, преку отворање на можноста за самокандидирање“, изјави Петров.
 
Според него,  на плоштадите низ Македонија, СДСМ ќе ги сумира погрешните политики на актуелната власт, но ќе промовира и кандидати и решенија за подобрување на животот на граѓаните.

]]>
Monday, 16 May 2012 14:53:00 GMT Zurnal.mk Вести
Грците на нови избори на 17 јуни http://www.zurnal.mk/content.asp?id=201251614484 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=201251614484 http://www.zurnal.mk/data/news/grcijaizbori_1.pnghttp://zurnal.mk/content.asp?id=201251614484

Атина, 16 мај - Нови парламентарни избори во Грција ќе се одржат на 17 јуни, одлучија лидерите на политичките партии, кои денеска се сретнаа сопретседателот Каролос Папуљас.
 
За претседател на преодната Влада е назначен претседателот на Државниот совет Панајотис Пикраменос.
 
Лидерите на Нова демократија и ПАСОК, Андонис Самарас и Евангелос Венизелос предложиле на чело на службената Влада да биде досегашниот премиер Лукас Пападимос, а членовите на  Грчката комунистичка партијаа го отфрлиле тој предлог.
 
Претседателот на коалицијата на радикалната левица СИРИЗА Алексис Ципрас побарал да се замрзне донесувањето нови рестриктивни мерки од јуни, како и планираната приватизација.
 
На средбата не присуствува лидерот на „Златна зора“ Никос Михалољакос, кој вчера не беше поканет на консултациите кај претседателот, кои беа последниот обид да се состави коалициска влада и да се избегнат нови избори.

По изборите на 6 јуни, кога ниту една од 32 партии ученички не успеа да освои мнозинство од гласовите, лидерите на најголемите политички партии, не успеаја да коалицираат и да состават влада, што доведе до тоа грција да има нови избори.

]]>
Monday, 16 May 2012 14:48:00 GMT Zurnal.mk Вести
Намалена затворската казна на Љубе Бошкоски за две години http://www.zurnal.mk/content.asp?id=201251614302 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=201251614302 http://www.zurnal.mk/data/news/ljube_telma_sudnica_3.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=201251614302

Скопје, 16 мај -  Апелациониотсуд во Скопје  потврди дека Љубе Бошкоски е виновен за аферата „Кампања“, но му ја намали казната од 7 на 5 години затвор, објави „Канал 5“, повикувајќи се на судски извори.

На крајот на ноември Кривичниот суд му пресуди на Бошкоски седум години затвор за злоупотреба на службената положба и незаконско финансирање на кампањата, а се товареше дека како претседател на партија во три наврати зел 130 илјади евра од загрозениот сведок .
 
Неговите адвокати ја обжалија пресудата и на јавната седница во апелација критикувајќи ја првостепената пресуда побараа повисокиот суд да ја укине и да му дозволи на Бошкоски да се брани од слобода.

Апелација одлучила да интервенира само во висината односно да ја намали казната

]]>
Monday, 16 May 2012 14:30:00 GMT Zurnal.mk Вести
Алексис Санчез подготвен за фииналето на Кралскиот куп http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012516135328 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012516135328 http://www.zurnal.mk/data/news/aleksissancez.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=2012516135328

Барселона, 16 мај - Чилеанскиот напаѓач, Алексис Санчез, сеопорави од повредата на бутниот мускул, па од денеска е во потполн тренинг со фудбалерите на Барселона, пред кои е финалето од Купот на кралот, против Атлетик Билбао.

Добрите вести за тренерот на Каталонците, Пеп Гвардиола, пред последниот натпревар на кормилото на Барса стигнаа од лекарската служба на Камп Ноу, а 23-годишниот напаѓач доби зелено светло за тренинг.

Во финалето на Кралскиот куо, на кое ќе се простат со Гвардиола, Барселонаго бара првиот трофеј сезонава, а за Каталонците нема да настапуваат Карлес Пујол и Давид Виља, кои се повредени.

Финалето на Кралскиот куп е на распоредот на 25 мај.

]]>
Monday, 16 May 2012 13:53:00 GMT Zurnal.mk Вести
Во долината на Неретва пдна авион со двајца патници http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012516131423 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012516131423 http://www.zurnal.mk/data/news/neretvadolina.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=2012516131423

Дубровник, 16 мај - Мал авион, со двајва патници, падна утрово во долината на Неретва, јави`Dnevnik.hr`.

Авионот се урнал во поле со мандарини на 500 метри од мостот во Роготино, на левата страна на реката Неретва.

Државната управа за заштита и спасување на Хрватска потврдила за `Dnevnik.hr` дека Жупанискиот центар во Дубровник во 8.40 часот примил дојава за пад на авион.Потврдена е смртта на двајцата патници

Според неслужбени информации во авионот биле пилотот и една жена.

]]>
Monday, 16 May 2012 13:14:00 GMT Zurnal.mk Вести
Почна судењето на Ратко Младиќ http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012516125917 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012516125917 http://www.zurnal.mk/data/news/mladic_14.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=2012516125917

Хаг, 16 мај - Последниот процес пред Хашкиот трибунал, против Ратко Младиќ почна денеска, а тужителството го изнесува воведниот збор, против Младиќ, поранешниот командант на Војската на Република Српска, обвинет за геноцид и други злосторства во Босна и Херцеговина.

На почетокот на судењето тужителството кое доби шест часа за изнесување на воведните зборови, го изнесе општиот преглед на злосторства од обвинението против Младиќ.

На почетокот, тужителот Дермот Грум рече дека нападот на Војската на Република Српска на несрпското население во БиХ и реализирањето на планот на големосрпската политика, односно стварањето етнички чиста територија, според мапата на Момчило Крајишник, почнало пред 20 години.

„Пред четири дена беше точно две децении откако Ратко Младиќ стана командант на Главниот штаб на војската на Република Српска, војската која според името е створена тој ден. Истиот ден Младиќ почна да учествува во злосторнички поход кој веќе беше во тек. Истиот ден презеде одговорност за предводење, со воена сила,  злосторнички чинови на етничко чистење на голем дел од Босна. Истиот ден почна директно да учествува во тешки злосторства“, рече Грум.

Според Грум, кој изнесе повеќе примери на злосторства, тужителството ќе покаже дека Ратко Младиќ вмешал прсти во секое злосторство.

За главен бранител на Младиќ поставен е адвокатот Бранко Лукиќ од Белград, а во тимот на одбраната е и Миодраг Стојановиќ, адвокат од Бјељина.

Први сведоци на судењето ќе бидат луѓето кои преживеале масовни погубувања.

Алфонс Ори, холандскиот судија претседава со судскиот совет, а во него се и Баконе Јустис Молото од Јужноафриканската република и Германецот Кристоф Флуг.

]]>
Monday, 16 May 2012 12:59:00 GMT Zurnal.mk Вести
Кинезите заинтересирани за инвестиции во земјоделство и туризам http://www.zurnal.mk/content.asp?id=201251612156 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=201251612156 http://www.zurnal.mk/data/news/grujokina_1.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=201251612156

Чингдао, 16 мај - Македонската економска  делегација предводена од премиерот Никола Груевски која веќе неколку дена претстојува во Кина, денеска во градот Чингдао ги презентираше можностите за инвестирање во нашата земја.
 
Премиерот Груевски, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, министерот за странски инвестиции, Веле Самак и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида, денеска присуствуваа и се обратија на бизнис форумот во кинескиот град Чингдао, пет милионски град во источна Кина, познат по брзиот економски развој кој изнесува просечни 10 отсто економски раст годишно, во кој се развиени индустриите за информатичка технологија, електроника, автомобилска индустрија, петрохемија, производство на храна и пијалоци, информираат од владиниот Сектор за односи со јавност.
 
На бизнис форумот присуствуваа претставници на над 100 кинески компании од регионот на Чингдао, а премиерот Груевски се осврна на полињата на соработка и можностите за бизнис помеѓу двете земји.

„Двете земји се посветени на промовирање на инвестициите во инфраструктурата, земјоделството, образованието и туризмот како нови поени на растот во билатералната соработка“, изјави Груевски.
 
Премиерот ги истакна поволностите кои Македонија ги овозможува на инвеститорите и го акцентираше најнискиот даночен пакет во Европа, даночните ослободувања и поддршката која ја дава државата за инвестиции во технолошко- индустриските развојни зони и субвенциите за трошоци за изградба или обука за усовршување на вработените. Притоа, премиерот го истакна проширувањето на пристапот до високото образование, особено во областите како математика, наука и информатичка технологија, и  зголемената  употребата на  компјутери и користењето на интернет во државните училишта и универзитети, како предност во создавањето на квалификувана работна сила потребна за инвеститорите.
 
Груевски ги повика кинеските компании да инвестираат во Македонија.
 
Од име на домаќинот, на форумот се обрати потпретседателот на градот Чингдао, Лиу Минџунг, кој ги истакна неговите уверувања за воспоставување продлабочени односи помеѓу компаниите од Чингдао и нашата земја.
 
„Република Македонија е балканска земја позната по долгата историја, пријатните луѓе и изобилството на природни богатства.  Македонија и Чингдао можат да имаат иднина во соработката на разни сектори вклучувајќи го земјоделството, инфраструктурата, образованието и туризмот“, истакна Минџунг.
 
Вицепремиерот Пешевски пред присутните претставници на форумот се осврна на конкретни проекти од областа на енергетиката, рударството и туризмот. Министерот Веле Самак ги истакна макроекономските индикатори кои гарантираат добра клима за реализација и оплодување на бизнисите. Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида се задржа на опциите за инвестирање од областа на автомобилската и фармацевстката индустрија и инвестициските можности во земјоделскиот сектор.

Вицепремиерот Пешевски, денеска во изјава ги потврди информациите дека на вчерашниот бизнис форум во кинескиот град Ченгду е постигнат договор за извоз на македонското вино.

]]>
Monday, 16 May 2012 12:15:00 GMT Zurnal.mk Вести
Ќе се гради соларeн парк во Битола http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012516121216 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012516121216 http://www.zurnal.mk/data/news/solarenpark.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=2012516121216

Битола, 16 мај - Бугарската компанија `Соларпро Холдинг` потпиша договор за изградба на фотоволтаичен парк во Македонија, објави компанијата.
 
Соларниот парк со моќност од 1 мегават ќе се гради во близина на Битола, а бугарската компанија, согласно договорот, ќе биде одговорна за целосната реализација на проектот.
 
`Соларпро Холдинг` досега во Бугарија има изградено 32 соларни електрани со вкупен капацитет од речиси 100 мегавати, а соларниот парк во Битола ќе биде првиот што компанијата го гради во странство.

 

 

 

]]>
Monday, 16 May 2012 12:12:00 GMT Zurnal.mk Вести
Македонско вино ќе се пие во Кина http://www.zurnal.mk/content.asp?id=201251611566 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=201251611566 http://www.zurnal.mk/data/news/Vino20rosso.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=201251611566

Ченгду, 16 мај - Најголемиот дистрибутер на вино во Кина ќе потпише договори со девет винарски визби од Македонија за извоз на македонското вино од Македонија во Кина, со што многу ќе се придонесеза развој на овој сектор, поради тоа што можно е Кина да го откупи целото македонско вино.
 

Според  вицепремиерот Владимир Пешевски, Фу Сјуе Ју, претседателот на кинеската дистрибутивна винска компанија која за потребите на Кина увезува вино од целиот свет и која има повеќе од 600 дистрибутивни единици, на синоќешната презентација и дегустација во рамки на бизнис форумот во Ченгду, изразил особено задоволство од квалитетот на македонските вина и покажал сериозен интерес за продлабочување на соработката со македонските компании.
 
„За време на бизнис-форумот во  Ченгду беше направена презентација на македонските вина на голем број дистрибутери во Кина, но еден од најголемите од нив што има преку 600 продавници - дистрибутивни центри во Кина беше прилично задоволен од квалитетот и беше договорено дека со сите девет винарии од Македонија ќе потпише договор за извоз на македонското вино од Македонија во Кина“, рече Пешевски.
  
Во рамки на форумот беа остварени состаноци со повеќе компании од областа на енергетиката, електро и градежната индустрија, недвижностите, како и транспортните системи. Сите се согласиле, информира вицепремиерот, дека е доволно интересно да дојдат во Република Македонија и да ги продолжат разговорите за реализирање на некои од потенцијалните инвестиции кај нас.
 
Во македонската делегација што ја предводеше Пешевски на деловниот форум во Ченгду, беа и министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот Висар Фида. Бизнис форумот го организираше Кинескиот совет за промоција на меѓународната трговија и соработка (ЦЦПИТ).

]]>
Monday, 16 May 2012 11:56:00 GMT Zurnal.mk Вести
Мајка се самоуби откако ги убила своите четири деца http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012516114724 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012516114724 http://www.zurnal.mk/data/news/florida_mom_120515_vembedlarge456.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=2012516114724

Флорида, 16 мај  - Триесет и три година мајка на четири деца, се самоубила, откако претходно ги убила своите деца, јавуваат американските медиуми.

Тоња Томас (33) од Флорида ги уби нејзините четири деца и потоа си го одзеде животот.
 

„Три од децата пред зори отишле до куќата на соседот за да побараат помош бидејќи мајката пукала во нив, но таа ги повикала да се вратат дома по што ги убила“, изјави потполковникот Тод Гудјеар, во својство на  портпарол на канцеларијата на шерифот на округот Бревард.
 
Децата биле на возраст од 12 до 17 години.
 
Според соседите, Тоња таа била многу мирна, но утрото излегла надвор и ги повикала по што децата се  вратиле во куќата, додава Гудјеар.
 
Откако соседот си слушнал истрелите ја повикал полицијата, а друг сосед потврдува дека  мајката среде ноќ испратила СМС порака велејќи дека сака да биде кремирана со нејзините деца.
 
„Тој ја видел пораката дури утрово кога се разбудил“, изјави Гудјеар.
 

]]>
Monday, 16 May 2012 11:47:00 GMT Zurnal.mk Вести
Човек се запали пред судот во кој му се суди на Брејвик http://www.zurnal.mk/content.asp?id=201251520243 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=201251520243 http://www.zurnal.mk/data/news/oslosud.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=201251520243

Осло, 15 мај - Неидентификуван маж се замозапали денеска пред зградата на Судот во Осло, каде во тек е судскиот процес против масовниот убиец Андерс Брејвик, јавија норвешките медиуми.
 
Според норвешката полиција, мажот прво се обидел да ја пробие заштитната ограда околу Судот, но кога не успеал во тоа се самозапалил.

При инцидентот, тој се здобил со сериозни изгореници.
 
На Брејвик му се суди поради нападите на островот Утоја и во Осло во јули минатата година, при кои уби 77 лица.

]]>
Monday, 15 May 2012 20:02:00 GMT Zurnal.mk Вести
Жан-Марк Еро нов премиер на Франција http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012515195711 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012515195711 http://www.zurnal.mk/data/news/ero.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=2012515195711

Париз, 15 мај - Претседателот на Франција, Франсоа Оланд денеска го именува Жан-Марк Еро за нов француски премиер и му довери мандат да формира новата влада, соопштија од  Елисејската палата.
 

Кусото соопштение на Елисејската палата за именувањето на Еро, уследи веднаш по заминувањето на Оланд кон аеродромот од каде треба да отпатува за Берлин на средбата со германскиот канцелар Ангела Меркел.
 
Жан-Марк Еро е градоначалник на Нант и долгогодишен претседател на групата на социјалистите во француското Национално Собрание.
 
Составот на новата француска влада ќе биде познат во текот на утрешниот ден, а првиот Министерски совет е предвиден за 17 мај, непсоредно пред заминувањето на Оланд за САД.

]]>
Monday, 15 May 2012 19:57:00 GMT Zurnal.mk Вести
Казни и до 500 евра за документи со стари податоци http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012515194419 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012515194419 http://www.zurnal.mk/data/news/pasos_5.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=2012515194419

Скопје, 15 мај - Министерството за вантрешни работи нема повеќе да толерира лични исправи со стари податоци, а доколку ги промените личните податоци, но не и документите,  следува казна од 100 до 500 евра.

Ако во рок од 30 дена по промена на името или презимето, до министерството за внатрешни работи не доставите барање за нови лични документи, ќе се применуваат парични казни, согласно Законот за патни исправи.
 
Девојките кои откакоќе се омажат ќе го сменат своето презиме, треба да извршат промена и на личната карта, пасошот, возачката..., а промената на адреса, исто така носи обврска граѓаните да извадат нови документи.
 
Доколку не го промените презимето на патните исправи, не ќе можете да ја напуштите државата, а ќе платите и прекршочна казна која може да достигне и до 500 евра.
 
„И доколку го пробиете рокот, а не ве фатиле, казна ќе има. При поднесување на барање за нов пасош, надлежниот инспектор ќе ви напише казна“, велат од МВР.
 

]]>
Monday, 15 May 2012 19:44:00 GMT Zurnal.mk Вести
Се вработуваат здравствени работници http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012515193033 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012515193033 http://www.zurnal.mk/data/news/lekar_3.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=2012515193033

Скопје, 15 мај - Оглас за вработување на 200 здравствени работници во јавни здравствени установи ќе бидат објавен од утре, а се бараат здравствени работници за секундарно ниво во јавните здравствени установи кои ќе распишат оглас.

Од отворените работни места  60 отсто  ќе бидат за доктори, а 40 отсто за медицински сестри.
 
Огласот ќе трае пет дена по што следува тестирање и селекција на кандидатите.

За вработување на овие работници се воведени нови критериуми и тоа: 40 бодови носи просекот од завршеното образование и 60 бода положениот стручен дел и познавање на странски јазици (англиски, германски или француски).
 
Министерот за здравство Никола Тодоров најави дека  најмногу за два месеци ќе има целосна реализација на овие 200 вработувања.
 
Дополнително, Владата на последната седница даде согласност за отварање на уште 200 нови работни места во јавните здравствени установи, а според Тодоров, сите 400 вработувања ќе бидат реализирани за најмногу четири месеци.
 
Во изминатава година иполовина, вклучувајќи ги и овие 400, отворени се вкупно 700 работни места во јавните здравствени установи, а  работниците ќе бидат исплачани од фондот на клиниката на чиј оглас се јавиле.

]]>
Monday, 15 May 2012 19:30:00 GMT Zurnal.mk Вести
За приведените за Смилковци има цврсти докази за вмешаност http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012515164522 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012515164522 http://www.zurnal.mk/data/news/Ljupco20svrgovski20-.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=2012515164522

Скопје, 15 мај - Јавниот обвинител Љупчо Шврговски тврди дека имаат цврсти докази за „Монструм“, а побара од јавноста да се смири и институциите да си ја завршат работата.

Ккао што појасни Шврговски има снимки, разговори, материјали прибавени со помош на посебни истражни мерки, кои  ќе бидат користени како доказен материјал против осомничените за петкратното убиство кај Смилковското Езеро.

Јавниот обвинител Љупчо Шврговски денеска повторно потврди дека обвинителството има сигурни докази дека уапсените во акцијата „Монструм“ се поврзани со егзекуцијата на четирите момчиња и на рибарот,  во близина на Скопје.

„Работата околу истрагата треба да се води во институциите. Не поддржувам протести, кога веќе ние сме презеле одговорност да поведеме постапка против одредени лица. Водењето на таа постапка го темелиме на сигурни докази кои даваат висок степен на сомнение дека се тоа лица кои ги поврзуваме со настанот што се случи на Смилковското езеро“, вели Шврговски.

Обвинителот потврдува дека се користеле посебни истражни мерки за да добијат сознанија за групата која што беше приведена, но се уште не се знае до кога ќе трае истрагата.

„Има и посебни истражни мерки во делот на прислушкувањето. Тие се легитимни, дадена е наредба на истражен судија во законска процедура. Нормално дека аудио записите ни помагаат во водење на истрагата и градење на тезата дека за лицата што ги обвинуваме врз основа на доказите со кои располагаме постои висок степен на сомнение дека го извршиле или помогнале во извршувањето на кривичното дело“, вели Шврговски.

Првиот исказ на Хаки Хазири во судот, кој до скоро се водеше како заштитен сведок, нема да се користи во истражната постапка, а валиден  останува само неговиот исказ даден пред истражен судија,  откако беше повикан во својство на шестообвинет за тероризам.

Полицијата се уште трага по првите двајца осомничени за убиството, за кои се претпоставува дека се во Косово.

Убиството се случи пред Велигден, пред повеќе од еден месец, кога со автоматска пушка беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година, како и еден рибар, кој случајно бил сведок на егзекуцијата.

За расветлување на случајот, полицијата во обемна акција при претрес на 26 објекти во Скопје и околината пронајде оружје, униформи и материјали поврзани со следбениците на радикалниот ислам, а беа приведени  20 лица, од кои десетина беа пуштени на слобода.

]]>
Monday, 15 May 2012 16:45:00 GMT Zurnal.mk Вести
Локалните избори тест за предвремени парламентарни http://www.zurnal.mk/content.asp?id=20125151661 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=20125151661 http://www.zurnal.mk/data/news/crvenkovski_6.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=20125151661

Скопје, 15 мај - Предвремени парламентарни избори  се отворена опција за СДСМ, појасни  претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција дали ќе бара предвремени избори на големиот митинг кој го најави во Скопје.

„Таа опција за СДСМ е отворена. Вистинскиот одговор ќе го дадат граѓаните со своето изјаснување на локалните избори. Ако на тие избори ја добиеме поддршката, патот кон предвремените парламентарни избори ќе биде трасиран“, рече Црвенковски.

Сепак, Црвенковски негира дека, како што објавија некои медиуми, СДСМ ќе организира митинг за време или веднаш по самитот на Чикаго, а смета дека овие информации се појавиле по брифинг на некој од ВМРО-ДПМНЕ.

„Кртови“ во СДСМ нема„, тврди Црвенковски, ниту ги лоцирал, ниту имало истрага за наоѓање на „кртови“.

 „Се работи за една смислена кампања од подолг временски период од Штабот или Центарот, до сега го викав за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, а сега ќе почнам да го викам Центарот за лаги и манипулации на ВМРО-ДПМНЕ, се разбира со една сесрдна помош на дел од провладините медиуми“ рече Црвенковски.

]]>
Monday, 15 May 2012 16:06:00 GMT Zurnal.mk Вести
`T - Mobile` овозможи македонските корисници да бидат дел од холивудски филм http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012515122147 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012515122147 http://www.zurnal.mk/data/news/move-on-film.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=2012515122147

Скопје, 15 мај - Македонските корисници на `T - Home` и `T - Mobile` за прв пат ќе имаат можност да бидат дел од едно големо холивудско остварување, патеписниот филм “Move on“ или “Продолжи“, во кој игра Мадс Микелсен, ѕвездата од филмовите “Казино Ројал“, “Тројцата мускетари“, “Чудовишта наспроти Вонземјани“ и “Судирот на титаните“ ја игра главната улога во филмот.

За прв пат во филмската историја, корисници од 11 европски земји членки на `Дојче Телеком Групацијата`, меѓу кои и од Македонија ќе имаат уникатна можност да учествуваат во процесот на создавање на еден високо буџетен филм.

Корисниците, почнувајќи од пред-продукцијата, па сè до завршувањето на филмот, благодарение на производите и услугите на мобилниот интернет на `Дојче Телеком` ќе можат да креираат елементи од филмот: да предложат локации за снимање, да имаат улога на виртуелни кастинг агенти, да влијаат на изборот на музиката, а дел од нив и да бидат актери во самиот филм, со што ќе помогнат во реализацијата на овој возбудлив проект.

Со реализацијата на овој проект, корисниците на Дојче Телеком од Македонија, Албанија, Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка Република, Германија, Унгарија, Црна Гора, Холандија и Словачка имаат можност да креираат уникатен заеднички филм и да станат дел од неповторлива авантура, што е дел и од бренд филозофијата на Дојче Телеком – “Сподели доживувања“.

Љубителите на филмот од Македонија ќе можат да дознаат повеќе за овој  предизвик и да се приклучат на ова креативно патување преку сајтот www.move-on-film.mk.

Сценариото за овој патеписен филм е внимателно креирано од страна на наградуваниот сценарист Мет Гринхалг, со цел да ги поттикне корисниците да можат да се изразат и мислат на креативен начин. Приказната е за патувањето на еден човек низ различни предели на Европа и неговата мисија да испорача еден мистериозен сребрен куфер и да го заштити по секоја цена, со помош од луѓето во секоја земја. Истовремено, режисерот Лет и неговиот тим ќе можат да бидат во контакт со корисниците од цела Европа, а креативните идеи и иницијативи на публиката ќе бидат инкорпорирани во продукцијата која ќе се реализира во 8 земји, а треба да заврши за период од само 30 дена.


“Многу сум возбуден од идејата за вклучување на толку многу луѓе во ова креативно патување. Сметам дека ќе можеме да креираме нешто навистина уникатно и привлечно, и навистина гледам на овој проект како дел од следното поглавје од начинот на кој се создаваат филмовите“, вели Азгер Лет, сценаристот на филмот “Move On“.


“Досега сум играл мистериозни ликови, но идејата да се игра лик на човек кој патува низ Европа не е само иницирана од режисерот, туку претставува вистински предизвик за мене којшто со нетрпение го очекувам“, вели Мадс Микелсен, главниот актер во филмот “Продолжи“.

]]>
Monday, 15 May 2012 12:21:00 GMT Zurnal.mk Вести
Пратениците изгласаа ново задолжување http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012515121537 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012515121537 http://www.zurnal.mk/data/news/sobranie_53.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=2012515121537

Слжкопје, 15 мај - Пратениците во Собранието  на 29. седница со 51 гласа „за“, 29 против и без воздржани го донесе Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој, Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за подобрување на општинските услуги.
 
Проектот финансиран со овој заем Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка чини 37,2 милиони евра.
 
Целта на заемот е да се подобри транспарентноста, финансиската одржливост и квалитетот на извршување на општински услуги кај општините учеснички во проектот.
 
Oд ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека  заемот од 37,2 милиони евра, со грејс период од пет години, со рок на отплата од 18 години и со каматна стапка во висина на шестмесечен либор, е најповолен кредит во овој момент.

]]>
Monday, 15 May 2012 12:15:00 GMT Zurnal.mk Вести
Оланд инаугуриран за претседател на Франција http://www.zurnal.mk/content.asp?id=201251512756 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=201251512756 http://www.zurnal.mk/data/news/oland_1.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=201251512756

Париз, 15 мај - Претседателот на Уставниот совет на Франција, Жан-Луи Дебре официјално го прогласи Франсоа Оланд за претседател на Француската Република,  постетувајќи на изборните резултати од 6 мај 2012.

Оланд е седми по ред претседател на петтта република од 1958 година  и дваесет и четврти од 1848 година, а тој сега ја претставува Франција и францускиот народ.
 
Никола Саркози по речисичетириесет минутниот разговор со новоизбраниот претседател Франсоа Оланд, придружувани од нивните животни придружнички Карла Бруни и Валери Трајрвалер ја напушти Елисејската палата.
 

Во Елисејската палата на Оланд му беше врачено одликувањето на Мајстор на легијата на честа.
 
Претходно, Оланд точно во десет часот пристигна во Елисејската палата каде беше пречекан од Саркози за примопредвање на претседателската функција, проследен од  мотоцикли на кои беа поставени мобилни телевизиски и радио екипи и фоторепортери.
 
Автомобилот на претседателот Оланд, на празните улици што е новина, застануваше на црвените светла.
 
Свечената церемонија на примопредвањето на власта беше директно пренесувана на француските телевизиски и радио канали.

]]>
Monday, 15 May 2012 12:07:00 GMT Zurnal.mk Вести
Провалил да краде нашол мртва жена http://www.zurnal.mk/content.asp?id=20125151248 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=20125151248 http://www.zurnal.mk/data/news/provalnik2.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=20125151248

Кикинда, 15 мај - Провалник влегол во куќа во Кикинда, Србија, со намера да краде, но  внатре нашол  со месеци мртва жена. Сепак, крадецот се одлучил да ја извести полицијата, на која воедно и признал дека влегол во куќата со намера да краде.

Безживотното тело на Веселинка С. (59) од Кикинда било пронајдено во четвртокот во нејзината куќа, а локалните  медиуми пишуваат дека се претпоставува дека жената починала пред неколку месеци, бидејќи телото било реќиси исушено.

Обдукцијата на телото утврдила дека се работи за жена, која живеела сама и не комуницирала со околината, и дека починала од природна смрт. Иако полицијата нема сомнежи во идентитетот на починатата жена, сепак ќе биде спроведена ДНК анализа, пишуваат тамошните медиуми.

]]>
Monday, 15 May 2012 12:04:00 GMT Zurnal.mk Вести
Осуденик од тетовско се противел при апсење http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012515115519 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012515115519 http://www.zurnal.mk/data/news/_3630.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=2012515115519

Тетово, 15 мај - Четириесет годишниот Беким Ф. од тетовското село Пирок вчера околу 21 часот бил уапсен по судска наредба, но при апсењето пружил отпор, соопштува МВР.
 
Тој бил бара поради издржување на затворска казна во времетраење од шест месеци поради сторено кривично дело недозволено држење оружје.
 
Полицијата имала проблем при неговото апсење, затоа што осуденикот пружал отпор. Од неговиот  ремен испаднал и пиштол марка „Црвена застава“, со рамка и четири куршуми, која ја поседувал без одобрение.
 
Во отпорот се придружил и неговиот брат, 36-годишниот С.Ф. кој се обидувал да ги спречи полицајците да го приведат брат му.
 
Сепак Беким бил совладан и приведен, а против него и братот ќе бида поднесени соодветни пријави.

]]>
Monday, 15 May 2012 11:55:00 GMT Zurnal.mk Вести
Долетаа првите белгиски туристи во Македонија http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012515115138 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012515115138 http://www.zurnal.mk/data/news/jetairfly.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=2012515115138

Скопје, 15 мај - Првите 90 белгиски туристи  сезонава допатуваа со директен лет од Брисел, кој го реализира белгиската авиокомпанија „Jetairfly“.

Шеесет и осум од туристите слетаа на скопскиот аеродром „Александар Велики“, а другите на аеродромот во Охрид  „Св. Апостол Павле“. Со првиот лет на „ Jetairfly “ од Македонија одлетаа 57 патници.
 
Директната линија Скопје – Брисел, е голема можност за туристички прилив, што се потврдува и од  големиот број веќе резервирани туристички аранжмани со туроператорите од тие земји.  За летово се очекува само од Холандија и Белгија да пристигнат близу 20.000 туристи.
 
„Во преговори сме и со други компании за воведување нови линии. Дополнително ќе помогне и одлуката на Владата со финансиска помош да поттикне нови летови и дестинации“, изјави Зоран Крстевски, генералниот менаџер на „ТАВ Македонија“.
 
Белгиската авиокомпанија „Џетерфлај“ до септември ќе има редовни летови секој вторник и недела од Брисел до охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ и до скопскиот аеродром „Александар Велики“.

]]>
Monday, 15 May 2012 11:51:00 GMT Zurnal.mk Вести
`Virgin Atlantic` ќе овозможи телефонски повици за време на лет http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012514211457 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012514211457 http://www.zurnal.mk/data/news/virginatlantic.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=2012514211457

Њујорк, 14 мај - Компанијата "Virgin Atlantic" во сопственост на Ричард Бренсон, најави дека планира на патниците да им овозможи повици преку мобилните телефони за време на летовите.

На овој начин „Virgin Atlantic“ би станала прва кавиокомпанија која би нудела ваква услуга, а ќе биде возможна само од новиот `Airbus A330`, за патниците кои летаат на релација Лондон - Њујорк

Повеќе од 20 авиони ќе ја имаат оваа технолоија до крајот на годинава, а се прават прилагодувања и за `Boeing 747`, вредни 62,4 милиони евра.

На овој начин од компанијата се надеваат дека ќе ги задоволат барањата на бизнисмените, пред се, кои ќе можат исто така да праќаат пораки за време на летот, но секако не и за време на полетувањата и слетувањата.

 

]]>
Monday, 14 May 2012 21:14:00 GMT Zurnal.mk Вести
СДСМ: „Детонатор“ лови послушници http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012514205350 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012514205350 http://www.zurnal.mk/data/news/detonator_1.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=2012514205350

Скопје, 14 мај - СДСМ  повикува институциите до крај да го истражат случајот од акцијата „Детонатор“, но бараат и да  понесат одговорност сите кои биле вмешани во криминалот или пак знаеле дека постои, а не презеле ништо да го спречат, порача денеска  Гордан Георгиев, потпретседател на партијата.

Со рокадите на инспекторите и раководителите во УЈП, кои вчера ги објавија министерот за финансии Зоран Ставрески и директорот на УЈП, Горан Трајковски, според Георгиев, надлежните не го решаваат случајот, туку оставаат впечаток дека некој е  жртва за криминалот во кој учествувале поголеми играчи.
 
„Вчера бевме сведоци на уште една театарска претстава, слична на „новиот бран“, каде одговорноста за неуспесите, криминалот и корупцијата, се лоцира врз 24 послушници кои сега треба да ја преземат одговорноста само затоа што спроведувале безпоговорно се’ што им било наредено од нивните претпоставени“, рече  Георгиев.

Од ВМРО-ДПМНЕ, со реакција дека СДСМ упорно се обидува да ја омаловажи акцијата „Детонатор“, акција со  која се покажа дека пресметката со криминалот не познава политичка, етничка или било каква друга припадност.

„Токму во тој правец беше и одлуката за истрага, казни и суспензии за сите вработени во органите на УЈП и МВР, кои не ја вршеле чесно и одговорно својата работа“, реагираа од владејачката партија.
 
Според ВМРО-ДПМНЕ, времето на владеењето на СДСМ остана препознатливо по цутењето на разни видови шверц, даночни евазии, финансиски криминали и други нелегални бизниси, кои со амин на СДСМ се развиваа во Република Македонија, а за кои никогаш јавноста не виде ниту истражна постапка, а камо ли пак правна разрешница.

]]>
Monday, 14 May 2012 20:53:00 GMT Zurnal.mk Вести
Кинеските компани преку Македонија до Европа http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012514203328 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012514203328 http://www.zurnal.mk/data/news/Gruevski_250_9.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=2012514203328

Скопје, 14 мај - Премиерот Никола Груевски денеска на бизнис форум во Пекинг рече дека Македонија е мала европска економија, но таа е во подем и спроведува брзи реформи, а и значително ја прошири својата меѓународна трговија и финансиска интеграција.
 
На форумот на кој присуствуваа 140 Груевски додаде дека со следењето амбициозна реформска агенда, стратегијата на Владата за развој почива на три главни столба и тоа поголема изложеност на глобализацијата, создавање средина погодна за водење бизнис и значителни инвестиции во човечкиот капитал.

„Важно е да напомене дека имајќи предвид оти во многу европски земји постојат тарифни и нетарифни ограничувања и бариери  за кинеските компании и производи, во Македонија не постојат никакви специјални бариери. Компаниите кои ќе се лоцираат кај нас со интенција да го покријат европскиот пазар, можат да го извезуваат своето производство кое го направиле во Република Македонија на европските пазари без никакви тарифни и нетарифни ограничувања“, истакна Груевски.

Според соопштението од владината прес служба, претседателот на Кинескиот совет за промоција на меѓународна трговија и соработка, Фанг Џи Феи изрази задоволство од зголемувањето на македонско-кинеската економска соработка.

„Во интерес на напорите за засилување на бизнис врските помеѓу нашите две земји, кинеската Влада дава голема поддршка и поткрепа на кинеските компании за реализација на можности за бизнис со македонските компании. Познати компании како што се Синохидро, Кинеската комуникациска и енергетска компанија, Хајер, и други кинески компании или веќе прават или се заинтересирани за правење бизнис во Македонија, и тоа во областите на инфраструктурата и транспортот, и имаат добар прогрес“, рекол Џи Феи.
 
Можностите за инвестирање во Македонија  ги претставија и вицепремиерот за економским прашања Владимир Пешевски, министерот за странски инвестиции Веле Самак и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида.

Бизнис форумот во Пекинг се одржа во организација на државниот Кинески совет за промоција на меѓународната трговија и соработка, тело кое има ингеренции за реализација на крупни меѓународни проекти од областите на трговијата, инфраструктурата, енергетиката и индустријата, и чии моментални инвестициски проекти изнесуваат над 30 милијарди долари.
 
Претходно, владината делегација предводена од премиерот Груевски оствари средба со претставниците на Кинескиот совет за промоција на меѓународната трговија и соработка, при што беше потпишан Меморандум за соработка и поддршка помеѓу македонската Агенција за привлекување странски инвестиции и промоција на извозот и Кинескиот совет.


 

]]>
Monday, 14 May 2012 20:33:00 GMT Zurnal.mk Вести
Да се одржи динамиката на дијалогот на високо ниво http://www.zurnal.mk/content.asp?id=201251420265 http://www.zurnal.mk/content.asp?id=201251420265 http://www.zurnal.mk/data/news/vamenarifi.jpghttp://zurnal.mk/content.asp?id=201251420265

Скопје, 14 мај  - Данскиот министер за европски прашања, Николаи Вамен, е оптимист дека прашањето за името на земјава ќе се реши во најкус рок, а потоа ќе треба да се преземат важни чекори.

„Сите пречки мора да се надминат за да стигнеме таму каде што сме наумиле. Оваа држава во некој временски период треба да стане членка на ЕУ. Во моментов се одвива дијалогот на високо ниво, патоказот е направен, а тоа е рамка во која се работи. Данска го подржува овој процес целосно. Уверен сум дека ќе видиме важни чекори од Владата во тесна соработка со ЕУ. По решавањето на спорот со името во иднина ќе можат да се преземат наредни важни чекори. Останувам оптимист  дека спорот ќе се реши во најкус можен рок, а тоа е еден од нашите приоритети“, рече Николаи Вамен во Скопје по средбата со вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи.

Вицепремиерката Арифи, пак, рече дека Македонија прави конструктивни напори за решавање на спорот со името истакнувајќи дека треба да се земе предвид и фактот дека сме во период кога другата страна треба да го приврши периодот на формирање Влада.  
 
На средбата Арифи - Вамен се разговарало за односите меѓу двете земји, но и меѓу Македонија и Европската унија, дијалогот на високо ниво, како еден нов и многу значаен момент во односите меѓу Македонија и ЕУ, како и за целите и за динамиката на процесот и за реализација на Оперативниот патоказ.

„Заеднички оценивме дека е особено битно да се одржи динамиката на дијалогот на високо ниво како една голема можност на Република Македонија, за авансирање на процесот со ЕУ и односите со неа“, изјави Арифи.

Соговорниците разговарале и за регионалните прашања и за важноста европските процеси да дадат придонес во однос на напредувањето на регионот кон ЕУ. - 

Вамен на прес-конференција ја пренесе поддршката на неговата земја и на ЕУ на Македонија за евроинтеграциските процеси.

„Не е тајна дека ЕУ се соочува со големи предизвици, некои би сакале да гледаме внатре во ЕУ, но јас сметам дека е особено важно да останеме посветени на процесот и на агендата за проширување. Тоа е перспективата на ЕУ, рече Вамен. 
 
Данскиот министер за надворешни работи изрази надеж дека во кус рој ќе се најде решение за спорот за името.

„Данската Влада и претседателство ги поттикнуваат и ги охрабруваат оваа земја и владата во Грција да направат што е можно повеќе да најдат решение“, рече Вамен повторувајќи дека неговата земја ќе остане посветена на овој регион.     
 
Вицепремиерката за евроинтеграции Арифи одговарајќи на новинарско прашање во врска со протестите и настаните по петкратното убиство кај Смилковското езеро, рече дека овие случувања треба да се третираат сериозно бидејќи добрите меѓуетнички односи се предуслов за напредокот на земјата.

„Затоа е особено значајно сите фактори во земјата, но и меѓународно да го дадат својот придонес за тие процеси да одат напред. Одржувањето на принципите на реализацијата на принципите на Охридскиот рамковен договор и на европската агенда се најдобрата гаранција не само за стабилноста на земјата туку и за регионот во целин“а, изјави Арифи.


 

]]>
Monday, 14 May 2012 20:26:00 GMT Zurnal.mk Вести